Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
Попладнево во главниот град пристигна и првиот снег, а истиот врне и во повеќе градови низ Македонија.Снегот донесе и чист воздух па така во Скопје конечно се дише, а тоа ги мамеше граѓаните да искочат надвор.
Локалните врнежи од снег во вечерните и ноќните часови ќе се прошират насекаде, а позастапени и пообилни ќе бидат во западните делови.