Стоперот на Рома, Ндика, почувствува болка во градите.Играчите на римскиот клуб беа многу загрижени, тренерот Де Роси веднаш замина во соблекувалната да види што се случува со него. Ндика (24 г.) дојде во Рома минатото лето од Ајнтрахт Франкфурт.Според првичните информации од Италија тој е во стабилна состојба и е свесен.