Српскиот премиер Александар Вучиќ прецизно и низ точни математики им објаснува на граѓаните на неговата држава како таа земја ги набавувала енергенсите од Русија навреме и по многу попристапни цени, и со тоа овозможила мирна зима и избегнале државата да банкротира.
Со помош на овие политики, како и со складирањето на гасот во Унгарија, Вучиќ очекува државата да има можност да користи гас зимава по цени од околу 400 евра за илјада метри кубни, во услови кога неговите цени на пазарот се движат по околу 3.000 евра.
Ова видео го споделуваат граѓани на социјалната мрежа фејсбук.
„Сега јасно вие зошто Русија ја одовлекува војнава, а не дека е не военоспособна? А ова за НАШЕВЕ, во НАШАВА земја што им штракаат на авионите на НАШИТЕ нато партнери, ова е ВИША МАТЕМАТИКА. Тие не знаат ни ДАТУМИТЕ да ги набројат до сега што ги добивме“, пишува Златко Димески.