Одбележани 21 од основањето на ДУИ. Функционерите на ДУИ со своите луксузни автомобили пристигнаа за да прослават заедно со своите сопартијци.Манифестацијата беше организирана од претседателот на партијата Али Ахмети кој во својот говор пред присутните не остави, а да не ја спомне фракцијата на ДУИ позната како Огнена група. Али Ахмети им порача дека сите дискусии и незадоволства се водат дома, а не да се обидуваат да ги решат во комшии.
„Со оваа фракција, прогласување фракција, тие се во акција, не се фракција. Не сакам да има групи од интерес во ДУИ, не сакам лични работи да се ставаат пред општите. Никогаш не сум престанал со слободата на говорот, различното мислење во ДУИ. Ама тоа секогаш се дебатирало и се расправало во ДУИ, комшијата не ни ги решава проблемите, туку домот ги решава проблемите, затоа тие треба да останат дома, а не во комшии“, вели Али Ахмети.
Членот на централното раководство во ДУИ, Теута Арифи, упати порака до сопартијците од Огнената група да се потсетат на заедничките вредности кои се важни за земјата и за Балканот.
„Јас сум личноста која секогаш велеше „слоновите во собата“ и бидејќи ДУИ е во голем сериозен предизвик во својата внатрешна дебата и во ситуациите поврзани со нашите внатрешни односи, мислам дека денес сите заедно ние и нашите другари каде и да се, добро е сите заедно да ги одбележиме нашите заеднички вредности, кои се важни вредности не само за ДУИ, не само за Албанците, Македонците, Ромите и заедниците од другите етнички групи, туку и за Балканот воопшто, и тоа е нормално стабилност, па европското прашање нека биде платформа за развивање на дебатата и надминување на нашите разлики во нас“, вели Теута Арифи.
Екс министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, која беше гостинка на прославата, рече дека повеќето граѓани кои се против уставните измени се плашат да се соочат со новите барања а не дека навистина се против ЕУ.Порака за уставните измени упати и лидерот на ДУИ Али Ахмети особено до најголемата македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека сега е моментот кога ВМРО-ДПМНЕ треба да одлучи за иднината на следните генерации.