Директорот на МААЕ Рафаел Гроси повика гранатирањето веднаш да престане. Кој и да стои зад ова, мора веднаш да престане. Како што реков многу пати досега, си играте со оган!, нагласи Гроси.
Тој го повтори својот апел до двете страни во конфликтот да се договорат и што е можно поскоро да создадат зона за нуклеарна безбедност и сигурност околу Запорожје. Во последните месеци тој се вклучи во интензивни консултации со Украина и Русија за формирање на таква зона, но засега нема договор. Не се откажувам додека оваа зона не стане реалност. Како што покажува тековното очигледно гранатирање, тоа е потребно повеќе од кога било, рече Гроси.