За околу една недела заинтересираните компании ќе може да аплицираат за ревидирање на позитивната листа на лекови, најави министерот за здравство Фатмир Меџити.Според Меџити станува збор за проблем што трае над 10 години, но како што рече при крај се подготовките и за околу една недела, заинтересираните компании ќе бидат повикани да аплицираат.
„Деновиве сме при крај со сите подготовки и мислам дека за една недела ќе бидат повикани сите групи на компании за да аплицираат и еднаш засекогаш пациентите да почнат да користат најквалитетни иновативни и ефективни лекови со цел да имаме поздраво население. Комисијата е формирана одамна. Последните подготовки се во тек и ќе почне да се аплицира, после тоа ќе се одлучува, нормално. Се разбира, од сите аплицирања ќе се види кој лек е најпотребен. Тоа ќе го прават нашите експертски групи што ќе ги избереме во комисиите“,
одговори Меџити денеска на новинарско прашање до каде е процесот за ревидирање на позитивната листа на лекови.На прашање дали комисијата кој ќе одлучува работи со финансиски надомест или доброволно, Меџити рече дека најверојатно ќе биде со надомест.Меџити на денешното одбележувањето на Светскиот ден на мултипла склероза, рече дека сме најдобри во регионот во обезбедување терапија за мултипла склероза.