ЈЗУ СБ за геријатриска и палијативна медицина ,,13 Ноември’’- Скопје, вчера го прослави својот патронат и одбележа 64 години од своето постоење и грижа за стари лица.
По тој повод во просториите на болницата се оддржа свечена седницата на која се обрати Министерот за здравство д-р. Беким Сали , првата дама на С. Македонија проф. д-р Елизабета Ѓорѓиевска, преку писмено обраќање го честиташе патронатот и ја истакна важноста од геријатриска и палијативна грижа за старите лица. Меѓу присутните на настанот беа и државниот секретар на МЗ д-р Јусуф Хасани , пратеничките Санела Шкријељ и Љатифа Шиковска, како и претставници на невладини организации и институции.
Во рамки на специјалистичко консултативните кабинети на болницата беа пуштени во употреба реновирани кабинети по неврологија, психијатрија со психологија и како целосно нов кабинет за електроенцефалографија (ЕЕГ) преку кој што ќе може да се извршат снимања на мозокот кај пациентите. Средствата за отворање и ставање во функција на ЕЕГ кабинетот , се обезбедени преку донација од Државна лотарија на Северна Македонија, во износ од 1 милион денари.
Паралелно, во соработка со Црвен Крст на Град Скопје и Заводот за трансфузиологија, во болницата се спроведе и крводарителска акција на која учествувале околку 30 лица.
ЈЗУ СБ ,,13 Ноември’’ Скопје згрижува 342 пациенти кои користат болничко лекување. Болницата располага со три болнички објекти и единица за специјалистичко консултативни амбуланти.
Oд декември 2021 година, болницата е наставна база на УКИМ Медицински Факултет –Скопје.