Според неа, државното здравство е целосно уништено.„Менаџерите се неспособни, едукацијата е сведена на нула, специјализантите се со лоши оценки, а професорите ги шетаат навака, натака. Со овие измени ми го узурпираа правото јас како професор да ми се овозможи непречено вршење на здравствената дејност.Дали се свесни дека јавното го уништуваат, а колку им помагаат на приватњаците. Прогесор Караџов сакаа да го пензионираат, а тој ја направи првата трансплантација на црн дроб“, додава кардиологот Исмаил.По мало затишје од неколку месеци, ова прашање повторно беше актуелизирано на последната седница за пратенички прашања како одговор на пратеничко прашање.Заменик министерот за здравство Владимир Рендевски рече дека не се согласува со практиката неговиот надреден министер предвремено да ги пензионира докторите, иако законски тие можат да работат до 67 години.
„Не се согласувам со постапката на мојот министер и ова го кажувам пред сите членови на Владата. Се јавува здравтввен егзодус и просечната старост е 55-56 години. Овде се обраќам до сите пратеници, сметам дека тој член на толкување, како работи еден работник си го знае самиот директор. Тоа толкување од министерот е неприфатливо.Во иднина останување или неостанување на здравствен работник да биде по одлука на самиот директор, бидејќи тој знае дали некој здравствен работник може да работи уште или не. Многу се тешко остварливи вработувањата, се бараат дури четири потписи.И до министерот за правда и до сите експерти, повикувам да пронајдеме и поадекватен начин да ги задрќжиме оние на работа и да бараме нови вработувања“, рече поранешниот директор на Универзитетската клиника за неврохирургија.Од Самостојниот синдикат на скопските клиники бараат од министерството за здравство да се смени ваквата одлука, бидејќи на тој начин се губи квалитетен кадар со искуство, кое со години е стекнувано.