Приведен разбојник во Скопје, крадел во автобус на ЈСП
Денеска (13.09.2022) во 07.00 часот во с.Волково-скопско, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров лишиле од слобода малолетник од с.Волково. Тој се сомничи дека на 10.09.2022 во 23.15 часот во населбата Даме Груев во Скопје, во автобус на ЈСП, заедно со уште две лица со закана со остар предмет од В.Н.(19) од с.Орман одзел ранец со предмети. Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Приведени тројца насилници во Скопје
Денеска (13.09.2022) полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од Р.И. дека бил физички нападнат од нив во неговата канцеларија во општина Арачиново. Известен е јавен обвинител и во координација со ОЈО Скопје по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело Насилство по чл.386 од КЗ.