Трговците треба да ја следат пазарната логика во спротивно ќе се соочат со високи казни, вели за Утринска на Телма, Горан Трајковски директор на Пазарен инспекторат. Според него трговците и покрај мерките работеа профитно и не беа доведени во загуба.
Пред пратениците на дневен ред Законот за нефер трговски практики
Законот за нефер трговски практики денеска на собраниска седница пред пратениците откако претходно ја помина комисиската расправа.Властите очекуваат со него да запре нелојалната конкуренција во трговијата и да се спречат манипулациите со цените.
Законот според нив треба да го заузда ценовниот шок кој претходно под контрола го држеа мерките за гарантирање на цената на дел од производите.Засега десетина маркети се одзваа на апелот на Пазарната инспекција и преку социјалните мрежи, најавија дека ќе ги задржат цените до 15 мај или до носење на законот за нефер трговски практики.
Пазарните инспектори ќе следат дали тие се држат до дадениот збор, во спротивно ќе одговараат за измама.Изминатиов период два маркети, еден во Битола и еден во Скопје се соочија со ставање клуч на врата откако претходно било утврдено дека се обиделе да ги заобиколат законите на сметка на остварување поголем профит на грбот на граѓаните.