11/05/2024 08:37
МАКТЕЛ

  

     

 

ЕРОЛ РИЗАОВ: Зошто пак ќе гласам за Пендаровски

      

Со изборот на Стево Пендаровски и коалицијата за членство во ЕУ, современиците имаат историска шанса, но и обврска, да ја продолжат и да ја завршат најзначајната работа за иднината на својата земја. Пишува Ерол Ризаов
Стево Пендаровски, претседател на РСМФотографија: President of North Macedonia
Пред неполни пет години, поточно на 3 мај 2019 година, објавив колумна под наслов „Зошто ќе гласам за Пендаровски“. Бидејќи е голема веројатноста и по пет години повторно истите претседателски кандидати – Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски – да се соочат во вториот круг, мислам дека е значајно и интересно што останало исто, а што е променето кај нашите најсериозни кандидати за претседател на државата. Временскиот период колку што трае еден претседателски мандат е доволен за јасно да се согледа кои се разликите во определбите и во промените на ставовите на претседателските кандидати и на најголемите политички партии . Прво, колку за потсетување еве го интегралниот текст од пред пет години објавен во „Независен Весник“:

   

„Моите читатели знаат дека ќе гласам за Стево Пендаровски, односно против каква било, па и најмала опасност и натаму да се попречуваат и пролонгираат европските перспективи, демократизацијата и побрзиот развој на државата и подобар и поквалитетен живот на идните генерации. На овие определби потрошив над 30 од 43 години (сега се многу повеќе) поминати во професијата, редовно и упорно поддржувајќи ги евроатлантските аспирации и на Југославија и на Македонија. Со изборот на Пендаровски, современиците имаат историска шанса, но и обврска да ја продолжат и да ја завршат најзначајната работа за иднината на својата земја. А, тоа е Македонија да ги оствари своите стратегиски цели и да се спаси од сиромаштија, заостанатост, делби, крвопролевање и исчезнување.

 

Земјите на Југоисточна Европа и особено на Балканот се осудени на распаѓање, емиграции и масовни преселби, доколку не станат членки на ЕУ. Ова не е новина, некаква посебност да се распаѓаат држави само во далечното минато. Се случува и сега како и во претходните векови. Тоа го имаат констатирано повеќе светски познати историчари и научници, чии факти, проценки и предупредувања не оставаат простор за дилеми. Најблиску до нас доказ за исчезнување на државите и на делбите во поновата историја е Југославија, која ако станеше членка на ЕУ и на НАТО, како што се нудеа решенија и експресни европски перспективи со демократизација на општеството и со ново конфедеративно уредување, без хегемонија на една федерална република, да се надмине историски потрошениот модел – Југославија денес ќе беше на прво место, далеку над европскиот просек пред сите новопримени членки од централна и источна Европа.

   

     

Ерол РизаовЕрол Ризаов
Ерол РизаовФотографија: privat
Македонија излезе од тој пеколен казан единствена без жртви благодарение на Киро Глигоров, мудар претседател на државата, личност која беше учесник и континуитет од АСНОМ до независноста и кој ја прифати новата реалност да се изгради сопствена самостојна демократска држава.Неговата европска определба е јасно соопштена уште пред неговиот избор за претседател и пред прогласување на независна Република Македонија и која беше во целосна согласност со тогашните определби и на граѓаните и на политичкиот врв.

По десетгодишен дисконтинуитет, кој сè уште трае и по падот на режимот на Никола Груевски, со силна спротивставеност и на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на идеите и определбите на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, и на сите стратегиски и развојни планови и програми, одлуки на Собранието, на сите ратификувани договори со соседите и со Брисел, во Стево Пендаровски препознавам личност која ќе ги надмине блокадите и суетите. Со преземањето на функцијата претседател на државата од страна на Пендаровски, истиот ден завршува политиката која ја практицираше 11 години ВМРО-ДПМНЕ преку строго партиски определениот претседател Ѓорге Иванов, чии одлуки беа диригирани од вмровската палата.

Чесен и без дамки во кариерата
Првата работа по заклетвата на новиот претседател уверен сум ќе биде да се потпишат во склад со Уставот сите закони кои се усвоени двапати во Собранието. Постојат уште неколку силни причини за поддршка и во вториот круг на Стево Пендаровски. Прво, покрај тоа што со својата работа ја потврдил и докажал силната посветеност за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ, тој е демократ и легалист кој целосно ќе биде посветен на функцијата придржувајќи се строго на своите уставни овластувања. Пендаровски нема да биде партиски претседател и тоа ќе го покаже со своите критички ставови јавно искажани кон грешките на владата и власта.

Човекот од Автокоманда е чесен, нема дамки во политичката кариера и е урбан тип со европски изглед и стил, целосно определен за добри меѓуетнички односи и соживот. Убеден сум дека на своите јавни настапи ќе ги жигосува сите погрешни политики кои ги засегаат граѓаните без оглед на нивната политичка, верска и национална припадност. Пендаровски добро ќе ја застапува Македонија и дома и во светот, бидејќи беше во кабинетот на двајца претседатели на државата кои беа ценети на меѓународната политичка сцена. Експресно ќе ја надмине изолацијата на Иванов и ќе биде примен од најзначајните и највлијателни лидери во светот, но, што е особено важно, ќе биде добро прифатен од првите комшии, бидејќи неговите ставови им се веќе добро познати. Ако ги изгуби изборите во фер натпревар ќе се огласи со честитка до победникот и ќе го признае поразот.

Сепак, најсилниот мотив за глас на Стево Пендаровски е неопходноста ВМРО-ДПМНЕ да биде поразена и на овие избори. Многу се брза старо-новото раководство да ја освои власта и преку Гордана Силјановска-Давкова да се врати во игра криминогената партија. Од првиот ден по смената на власта заговараат вонредни парламентарни избори. По 11 години неконтролирано владеење, само за две години им стана претесно во опозиција. Горчлив бил опозицискиот леб. Сакаат да се вратат на власт без да ги платат гревовите, без да се оградат од своите арамии, без да се извинат на граѓаните за големите злодела што ги направија. На почетокот на предизборната кампања ја жалев професорката Силјановска-Давкова која прифатила таква улога – да биде вмровски, божем натпартиски и непaртиски кандидат по сите тирании и грабежи што ги направи Груевски и фамилијата.

Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски во текот на кампањата за изборите во 2019 годинаФотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Професорката го јавна црниот бран Но како што течеше предизборниот натпревар стана јасно зошто професорката влегла во еден таков филм, јавната на црниот бран, што не ѝ прилега. Прво што направи во името на владеење на правото – го оспори Преспанскиот мировен договор и ја тресна отворената врата кон Европа, иако е познато дека без тој политички компромис нема да мрднеме од балканскиот батак.

Потоа, без потреба за политички поени, го проблематизира и Охридскиот договор, кој е темел на меѓуетничката стабилност на државата. Го оспори законот за јазиците сметајќи дека тоа ќе предизвика одушевување кај Македонците. Најде сериозни фалинки и во договорот со Бугарија. Не ја извади од уста максимата за владеење на правото и правда за Македонија. Но ниту еднаш не кажа на кого се однесува тоа нејзино имагинарно теоретско факултативно право. Дали тоа значи дека сите кои се огрешиле од законите и кои наоѓаат стотици можности да ги пролонгираат судските процеси и кои станале богати како кнезови со парите на граѓаните, треба да одат во затвор? Или да бидат на слобода? Дали Силјановска-Давкова препознава такви арамии во врвот на претходната еднодецениска власт или само во сегашната? Дали упадот во Собранието на 27 април е патриотски чин кој треба да се одликува со медали за храброст, или крвав обид за државен удар? Не кажа ништо за тоа.

Ја осуди селективната амнестија, ама не кажа ни збор за одговорноста на организаторите на овој чин на насилно попречување на конституирањето на Собранието. Не кажа ни еден збор осуда за аболициите и пишман аболициите на Ѓорге Иванов.Тоа што Силјановска не знае кои се кавадарчани, а кои се неготинци, од каде ѝ е свекрвата – дали од Кочани, Кичево или од Скопје, не ми пречи многу. Вообичаена работа кај расеан професор, особено на партиски митинзи. Но за две недели да ни продава стогодишна демократска еволуција, дека го прифаќа Преспанскиот договор како реалност, дека договорот со Бугарија безмалку е ремек-дело, дека Охридскиот договор е уставна категорија, дека стабилни меѓуетнички односи се нејзин идеал – е, тие приказни нека им ги кажува на своите студенти. Гордана Силјановска-Давкова, заедно со раководство на ВМРО-ДПМНЕ одредено од Никола Груевски, како негови чувари на престолот, се стави на погрешната страна на историјата. Затоа ќе бидат поразени, за да се спаси Македонија. Друго чаре нема.“

Македонија може да опстои само како членка на НАТО и ЕУ
Ете, ова е објавено пред пет години во пресрет на претседателските избори. По стапувањаето на претседателската функција на Стево Пендаровски по неполна година, на 27 март 2020 година, Македонија стана 30-та членка на НАТО и ја обезбеди својата стабилност. По три години, на 19 јули 2022 година, се одржа првата меѓувладина конференција во Брисел, со што Македонија официјално ги почна преговорите со Брисел со што почна и последната етапа од долгорочниот тежок процес на реализација на реформите за рамноправно членство во ЕУ.

Ставовите на претседателот Пендаровски се јасно искажани и во однос на евроатланските интеграции и за односот на ЕУ кон Македонија и за односите со соседите. Тука нема нејаснотии и калкулации со лажен патриотизам и популизам. Вториот мандат ќе му овозможи уште поголема посветеност кон најзначајните државни интереси кои ја одредуваат иднината на Македонија. Фактот што нема трет претседателски мандат дава поголема слобода и во односите со партијата која го предлага за свој кандидат и поголема посветеност кон своите заложби да биде прифатен како претседател на сите граѓани. Ќе биде многу интересна предизборната борба на претседателот Стево Пендаровски со веќе еднаш поразениот претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на темата евроатлански интеграции, договори со соседите и внатреетнички односи и демократски процеси.

На Силјановска ќе ѝ биде голем ограничувачки фактор тоа што ВМРО-ДПМНЕ по поразот на претходните парламентарни и претседателски избори како опозициска партија целиот овој период ги оспоруваше постигнатите резултати, нарекувајќи ги велепредавство на националните интереси. И таа како пратеник го прифати овој лажен патриотски вознес. Повторно револуционерната партија го избра минатото наместо иднината.Прво, цели 11 години како режим во ерата на „груевизмот“ ги посвети во потрага по пославно минато пропагирајќи антички идентитет со политичка интервенција во науката и трошејќи милијарди во лажна ренесанса, во стиропор барок и рококо. Во своето пак опозициско дејствување последните седум години, со лажен патриотизам започна пропагандна војна за спасување на загубениот идентитет на македонскиот народ од предавничка политика на владата која доведе до блокада на преговорите со ЕУ.

Ќе биде навистина интересно колку Силјановска ќе може да се ослободи не само од вмровските патриотски блокади на уставните измени, од лагите за подобрување и поништување на договорите со Грција и со Бугарија, туку и од своите заложби и многупати јавно искажани определби кои времето и настаните ги прегазија.
Мојата определба да гласам повторно за Стево Пендаровски и за коалицијата за Европа поаѓа од непобитниот историски факт дека Македонија само како членка на НАТО и на ЕУ може да опстои трајно и да стане просперитетна држава, да го задржи своето население во татковината. Колку ова е остварливо зависи само од тоа дали мнозинството граѓани на Македонија ќе препознаат кој треба да ги заврши работите од последната етапа, или тоа ќе го препушти на нова неизвесност копајќи во минатото.

    

Најново

Привремено ослободен индискиот опозициски лидер, ќе се приклучи на изборната кампања во Делхи

Sase Ivanovski

Израел одобри ограничена операција во Рафа

Sase Ivanovski

Анализа: Влезот на Коалицијата ВРЕДИ во владата по трнлив пат, мора да работи чесно и отчетно за подобар живот за граѓаните

Sase Ivanovski

Помалку пратеници и нови министерства за поефикасен политички систем

Sase Ivanovski

Се отвора нов фронт? Русите извршија копнен напад кон Харков

Sase Ivanovski

Светски ден на физичката активност: Движењето е добро и при болка

Sase Ivanovski

Спикерското место камен на сопнување, Мицкоски утре седнува на маса со лидерите на „Вреди“

Sase Ivanovski

Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи

Sase Ivanovski

Борел-Вархеји: Изборите поминаа во мирна и демократска атмосфера, но изборниот процес останува недоволно регулиран

Sase Ivanovski

Руската Дума го изгласа Мишустин за премиер

Sase Ivanovski

Кочанчанец дивеел во кафуле и со пиштол удрил девојка, полицијата го приведе

Sase Ivanovski

Рот: Десниот национализам триумфираше во С. Македонија, сериозен удар за ЕУ амбициите

Sase Ivanovski

Чернева: Одлагањето на уставните измени е трагична загуба на време за Северна Македонија

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа и реорганизација

Sase Ivanovski

Салвини: Политичарите кои се залагаат за испраќање трупи во Украина се опасни

Sase Ivanovski

Бешлиоска: Има одлив на медицински сестри во странство

Sase Ivanovski

Кејт Мидлтон храбро се справува со ужасната дијагноза, тврди принцот Вилијам

Sase Ivanovski

ДИК: Досега не се понднесени приговори за двојните избори на 8 мај

Sase Ivanovski

Израелски војници се обучуваат за можна голема војна со Либан

Sase Ivanovski

Џафери: Спроведовме европски избори во слободни, фер и демократски процеси

Sase Ivanovski

Токсиколошката лабораторија ќе работи незаконски додека да се формира нова влада

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Аналитичари: Можно е да се иситни Европскиот фронт на ДУИ, некои пратеници да заминат со ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Новиот шкотски премиер верува дека земјата ќе стане независна во следните пет години

Sase Ivanovski

За Дачиќ е „срамно и безобразно“ Црна Гора да гласа за резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Арсовска до Џафери: Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос, не е ни очекувано да знае што е негова обврска

Sase Ivanovski

Нема веќе предавници на чело на државата

Sase Ivanovski

Израел незапирливо расте во обложувалниците: по свирежите, пејачката Еден Голан поздравена со овации

Sase Ivanovski

Писториус: И Германија размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Sase Ivanovski

Белгиската телевизија го прекина настапот на Израел на Евровизија, во знак на протест поради Газа

Sase Ivanovski

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Sase Ivanovski

Мицкоски: Имаме сигнали од поединци од други коалиции да консолидираме 61 пратеник, а со „Вреди“ да имаме до 75 пратеници

Sase Ivanovski

ЗАРАДИ ЛОШИОТ ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ, СЕ БАРА ОСТАВКА ОД АРСОВСКА: „По ваквиот резултат јасно е дека таа го загуби кредибилитетот да го води Скопје„, вели Стефковски

Sase Ivanovski

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА: Која иднина ја нудат пратениците од оваа партија?

Sase Ivanovski

„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ“: Да ги преброиме зулумите, да ги израмниме есапите, порача Апасиев

Sase Ivanovski

Бучковски: На ВМРО-ДПМНЕ ќе му треба коалиција со двотретинско мнозинство за да ги исполни ветувањата

Sase Ivanovski

ПАДНА УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО НИЗАТА: И Лукаревска заминува од подпретседателското место во СДСМ

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа сериозно моето предупредување

Sase Ivanovski

Франција се залага за подобра заштита на жртвите на сексуално насилство во армијата

Sase Ivanovski

Студентите во Бразил се приклучија на глобалниот протест за поддршка на Палестинците во Газа

Sase Ivanovski

Карпошани со претставка до полицијата ќе бараат поголема безбедност во општината

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

Sase Ivanovski

Домашниот туризам расте во Кина, иако странците се држат настрана

Sase Ivanovski

Стигна казната, изостана катарзата

Sase Ivanovski

Експерти од САД и ЕУ: Македонија да остане на проевропскиот курс и да внимава од руското влијание

Sase Ivanovski

Пендаровски ќе се откаже од привилегиите и се враќа како професор на меѓународниот универзитет Американ Колеџ Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург – загинаа 7 луѓе

Sase Ivanovski

Џафери: Составот на идната влада е работа на преговори меѓу политичките субјекти коишто добиле мандат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада

Sase Ivanovski

Старо-нови пратеници ќе му служат на народот за 1.828 евра плата месечно!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски на средба со коалицијата „Твоја Македонија“, разговарале за формирање на идната Влада

Sase Ivanovski

Во Јужна Кореја, златото може да се купи во супермаркет, заедно со колбаси, тестенини и друга храна

Sase Ivanovski

Буенос Аирес парализиран, втор генерален штрајк во последниве пет месеци

Sase Ivanovski

Кочишки: Иднината во ЕУ сигурно ќе биде подобра за нашата држава и градови

Sase Ivanovski

Израел планира повеќе помали воени операции во Рафа, изјави египетски функционер

Sase Ivanovski

Кредит од 1милијарда од странска влада најавува Мицковски. Во ТИРЗ ќе дошле две инвестиции ама прво да го сменат директорот, социјалдемократот Деспотовски

Sase Ivanovski

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за земјава

Sase Ivanovski

Египет ги повика Хамас и Израел да покажат флексибилност и да постигнат договор за прекин на огнот во Газа што е можно поскоро

Sase Ivanovski

Двајца скијачи загинаa во лавина на планина во Јута

Sase Ivanovski

Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и деца

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска: Капитализираноста на македонскиот банкарски систем порасна двојно повеќе од ЦЈИЕ

Sase Ivanovski

Во Штутгарт нападнати двајца пратеници на АфД, осомничени две девојки на возраст од 19 и 23 години

Sase Ivanovski

Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица

Sase Ivanovski

ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда

Sase Ivanovski

Амнести предупреди на раст на смртноста кај цивилите во случај на копнена офанзива во Рафа

Sase Ivanovski

Орбан: Унгарија го поддржува мировниот план на Кина за Украина

Sase Ivanovski

Роберт Саздов и Стојне Николова ќе избираат нова македонска музичка ѕвезда!

Sase Ivanovski

Одлуката ќе биде донесена вечерва: Воениот кабинет на Израел свика „судбоносен состанок“

Sase Ivanovski

Алармантно на Рафа: Преминот блокиран, нема гориво и медицински материјали

Sase Ivanovski

Адеми: Говорот на Ковачевски беше силен и инспиративен

Sase Ivanovski

Најмладиот син на Трамп влегува во политика

Sase Ivanovski

Митева: Новиот пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде гласот на граѓаните, ќе ја оправда довербата дадена од граѓаните и ќе ги штити македонските национални интереси

Sase Ivanovski

Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник

Sase Ivanovski

ЧАО ЕУ: Ако Бугарија не е подготвена на отстапки, би се свртеле кон домашната агенда и би чекале нова гарнитура во Софија, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница, издвоивме 500.000 денатри за оваа намена

Sase Ivanovski

Честитки за победата на Гордана Сиљановска-Давкова пристигнуваат од региониот и Европа

Sase Ivanovski

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Капиталните инвестиции во првиот „предизборен“ квартал на ниво од 14,5 отсто – дел од ресорите со 0 реализација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ахмети: „Ако не влеземе во влада, ќе влеземе во Европа“

Sase Ivanovski

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Ветувања во партиските изборни програми: во здравството ќе тече „мед и млеко“

Sase Ivanovski
Вчитувам....