6.8 C
Скопје
05/05/2024 07:58
МАКТЕЛ

  

     

 

Како се креира „стварност“ со штетни наративи

      

Политичките актери во Македонија и медиумите се соучесници во креирање „стварност“ која е исполнета со штетни наративи. Првите, подзабораваат на поставените норми и стандарди за јавна комуникација – транспарентност, етичност, професионалност и непристрасност, комуникација базирана на докази, негување на културата на говорот и воздржување од дискриминаторски говор, а вторите, подзабораваат на етичките кодекси и на основните новинарски правила за информирање на јавноста. Ова е заклучокот од првиот извештај на Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на истражувањето „Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА), чија цел е да понуди сеопфатен емпириски материјал за тоа како се креираат и се шират штетните политички наративи во Северна Македонија.

   

„Специфично е дека како главен извор на штетни наративи најчесто се јавуваат мал број политички партии, како и дека дел од медиумите со еднострано и некритичко известување помагаат овие токсични наративи да добијат ехо во медиумската средина“, наведува ИКС.
Во рамките на истражувањето се реализираат два паралелни мониторинга: првиот е мониторинг на комуникациските практики на политичките актери преку следење и анализа на официјалните интернет-страници и официјалните страници/профили на Фејсбук на партиите од актуелниот парламентарен состав кои имаат повеќе од еден пратеник; официјалните страници/профили на Фејсбук на претседателите на политичките партии, како и на министрите. Вториот е мониторинг на 11 информативни онлајн-медиуми и 9 телевизиски станици.

 

Обвинувачка реторика
Главна тема во штетните наративи за мониторираниот период во септември и октомври е внатрешната политика, а актуелни настани и процеси за кои најчесто се продуцираат штетни наративи се измените на Кривичниот законик, случајот со Клиниката за онкологија, македонско-бугарските односи визави предложените уставни измени и ЕУ-интеграциите, Законот за игри на среќа, Законот за амнестија, но често и за состојбите во образованието, економијата и инфлацијата, корупцијата, особено во правосудството и следните избори.

   

     

„Мониторингот и анализата на политичката јавна комуникација покажуваат дека во јавниот дискурс застапен на интернет-страниците и објавите на социјалните медиуми на политичките актери во Македонија, најчесто се користи реторика во која се изнесени наводи за корумпираност, нетранспарентност/неотчетност, непрофесионалност, злоупотреба на службената должност без обид за поткрепа на тие тврдења и непроверени наоди (или наоди што тешко можат да се проверат) и се користат како основа за обвинување на политички противници, за развивање штетни наративи на популизам, поткопување на довербата во институциите, пристрасно селектирање на податоци што доведува до погрешни заклучоци и поттикнување општествено-политички поделби во јавноста“, е еден од заклучоците од истражувањето.

Според истражувањето, мониторираните содржини укажуваат на постоење ниска култура на изразување во јавниот дискурс од страна на политичките актери во македонското општество
„Во септември, на интернет-страниците на политичките партии и на нивните фејсбук-страници се идентификувани вкупно 143 објави (на интернет 123 и на Фејсбук 20) кои содржат штетен наратив. Речиси по половина од објавите со штетни наративи на интернет-страниците се од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, а помалку од Левица, додека на Фејсбук најмногу објави со штетни наративи се забележуваат на профилите на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и на партијата Левица. Многу помалку се забележани на профилот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски (2), и една од профилот на партијата Алтернатива“, се наведува во истражувањето.

Многу тврдења и непроверени информации во јавниот дискурс застапен на интернет-страниците и објавите на социјалните медиуми на политичките актери во Македонија,Многу тврдења и непроверени информации во јавниот дискурс застапен на интернет-страниците и објавите на социјалните медиуми на политичките актери во Македонија,
Многу тврдења и непроверени информации во јавниот дискурс застапен на интернет-страниците и објавите на социјалните медиуми на политичките актери во Македонија,Фотографија: Imago Images/Panthermedia/O. Le Moal

Во текот на октомври од мониторирањето на интернет и на фејсбук-страниците на политичките актери биле идентификувани вкупно 136 објави со штетен наратив, од кои 87 се на интернет-страниците на партиите, и вкупно објави на 49 фејсбук-профили на партиите и на владините членови. Анализата покажува дека партиите најмногу штетни наративи „произведуваат“ кога комуницираат преку соопштенија за јавноста, без разлика дали се пласирани на интернет- или на фејсбук-страница (вкупно (73), а потоа следуваат прес-конференциите (16), говорите на политичарите (15) и сл.

Прекршување на владиниот Етички кодекс

Генералниот заклучок од анализата на комуникацијата на владините министри преку официјалните фејсбук-страници е дека мнозинството од министрите не употребуваат штетни наративи, но забележително е присуство на објави во кои министрите споделуваат партиски информации. Во октомври министерката за култура во еден случај ја употребила официјалната министерска страница за пристрасна партиска комуникација, а истото во еден случај го направила и министерката за труд и социјална политика. Фејсбук-страницата на министерот за правда се користела подеднакво и за официјални информации од ресорното министерство за правда и за партиска комуникација. Во септември 2023 година, на фејсбук-страницата на претседателот на Владата, од вкупно 85 објави во септември, забележани биле 5 објави со кои се злоупотребува официјалниот профил на премиерот за партиска пропаганда. На фејсбук-страницата на министерот за внатрешни работи од вкупно 85 објави во септември, нотирани биле 11 злоупотреби на официјалниот профил за партиска пропаганда. Кај министерката Каја Шукова од вкупно 26 објави во септември нотирана била една објава за партиски активности, а кај заменик-претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, забележани биле чести објави за партиска пропаганда, но и употреба на профилот за лични афинитети како објави за албанската фудбалска репрезентација, објава за партискиот настан во Чаир со фотографии на кои е присутен и претседателот на владејачката партија ДУИ, Али Ахмети. Фејсбук-страницата на министерот за правда слично како и во септември, и во октомври се користела и за партиска и за институционална комуникација.

„Со овие објави за партиска промоција и пропаганда на официјалните фејсбук-профили, премиерот и министрите директно ги прекршуваат начелата на професионалност и непристрасност во комуникацијата на владините претставници, но се прекршува и владиниот Етички кодекс за јавни службеници“, се посочува во наодите од истражувањето.

Еднострано информирање кај дел од медиумите

Анализата од следењето на медиумските содржини кај 11 информативни онлајн-медиуми и 9 телевизиски станици покажала дека со приближувањето на датумот за избори се заострува реториката на политичките актери и бројот на изјави кои содржат штетни наративи. Медиумското известување на онлајн-медиумите во октомври изобилувало со голем број содржини со штетни наративи. „Идентификувани се 154 прилози со штетни наративи, а во нив фреквенцијата (бројноста) на тие наративи изнесува 386 пати, односно во голем број прилози се јавуваат повеќе штетни наративи. На ваквата слика, доминантно влијаат два онлајн-медиума (од вкупно 11 анализирани), Вечер.мк и Република, во кои далеку најбројни се негативните наративи (…) Притоа, фактот што најголемиот број од објавите во овие два медиума немаат автор, а жанровски најчесто се дефинирани како пренесен говор на политичар и пренесено соопштение, упатува на сознанието дека нивни ‘креатори’ се политичките субјекти додека порталите/новинарите се јавуваат во улога на „голи“ преносители на нивните пораки, соопштенија, говор“ се наведува во резимето од мониторингот.

И телевизиите и информативните онлајн-портали не се воздржуваат од негативни и штетни наративиИ телевизиите и информативните онлајн-портали не се воздржуваат од негативни и штетни наративи
И телевизиите и информативните онлајн-портали не се воздржуваат од негативни и штетни наративиФотографија: Fotolia/picsfive
Во текот на септември исто така била голема, дури загрижувачка, бројката од 209 прилози со штетни наративи во анализираните онлајн-медиуми за период од осум дена мониторинг.

„Фреквентноста, односно повеќекратното повторување на штетните наративи во еден прилог, додатно се засилува и со нивното присуство во насловите на прилозите. Овие наративи најчесто се препознаени, во пренесените говори на политичарите и соопштенијата на политичките партии. Најбројни се оние со тврдења за корумпираност, непрофесионалност, неточност (без нивна поткрепа) како и непроверени наоди како основа за обвинување на политичките противници. Од сите анализирани онлајн-медиуми се издвојува Република со најголем број прилози со штетни наративи (вкупно 59), а Нова ТВ со најмал, занемарлив број (само 2) штетни наративи.

Небалансиран и пристрасен однос
Кај телевизиските станици во анализираниот период од осум дена во октомври биле идентификувани вкупно 66 прилози кои содржат штетни наративи.
„Повеќе од половината се регистрирани кај ТВ Алфа (34 прилози или 51,5 %), кај ТВ Сител се забележани 8 такви прилози (12,1 %). Кај другите телевизиски станици има помалку прилози во кои се детектирани штетни наративи. Политичките актери кои доминираат во ваквите прилози најчесто доаѓаат од најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, што може да значи две работи – дека тие се најчестите креатори на ваквите наративи или дека помалите партии не добиваат подеднаков простор во главните вести на ТВ-станиците“, се вели во анализата.
Во неа се посочува дека едностраното информирање кај дел од медиумите, односно претставувањето на само една страна во прилогот, е сериозен проблем кој упатува на непрофесионално известување и небалансиран и пристрасен однос.

Во вкупно осумте дена кои биле предмет на мониторингот во септември, регистрирани биле вкупно 76 прилози во кои е забележан еден или повеќе штетни наративи. Тие биле најчесто во сферата на обвинување за непрофесионалност и корупција без да се понудат докази, но неретки биле и прилозите во кои се навредуваат и етикетираат политичките противници.
Истражувањето се реализира во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија: Користи факти“, поддржан од Британската амбасада во Скопје, и го опфаќа временскиот период од први септември 2023 до 31 јули 2024 година (dw)

    

Најново

Истражителка на ОЈО – Скопје за компјутерски криминал доби признание од ИЛЕА

Sase Ivanovski

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

Sase Ivanovski

Маричиќ: Граѓаните ќе одлучат кој ќе биде власт, а кој опозиција во Собранието

Sase Ivanovski

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Sase Ivanovski

Скандал во ЈОРМ: Дрски и безобразни вратари не дозволуваат влез на странки во обвинителство

Sase Ivanovski

Адвокатите изненадени што ги заклучиле судиите на скопска двојка – нема пристап без строги најави

Sase Ivanovski

Војна во Газа, на тлото на Америка

Sase Ivanovski

Во челустите на пандемијата на деснило

Sase Ivanovski

Русија: Украина го нападна Крим со американски ракети

Sase Ivanovski

Захарова: Во Украина ќе има мир ако Западот престане да испорачува оружје

Sase Ivanovski

На булевар во Кичево украле банер со лого на политичка партија

Sase Ivanovski

Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

ФОТО: Во пресрет на Велигден, полициската асоцијација ги посети највозрасните на Геријатрија

Sase Ivanovski

За што се работи: Америка купи повеќе од 80 советски борбени авиони

Sase Ivanovski

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Sase Ivanovski

(Фото) Еден од најголемите градови во светот тоне. Земјата гради нов главен град

Sase Ivanovski

Шкријељ: СДСМ направи голем исчекор во однос на младинската невработеност, потребите на бизнисите и квалитетот на работните места

Sase Ivanovski

Русија распиша потерница по Зеленски

Sase Ivanovski

ИНТЕРВЈУ Слаѓана Анѓелкоска, професор и психолог: Децата ни се со се поголеми когнитивни потешкотии!

Sase Ivanovski

Изборите ќе ги следат 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи

Sase Ivanovski

Ердоган: Свесни сме дека Западот ќе нè нападне поради нашите трговски ограничувања кон Израел

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Sase Ivanovski

Берлин ја нуди како подарок вилата на Гебелс, министерот за пропаганда на Хитлер

Sase Ivanovski

Напад на руски беспилотни летала на Харков и Днипро

Sase Ivanovski

Последната битка за Работнички дом: Кој сака да ја земе вредната зграда на ССМ!?

Sase Ivanovski

Извор од Хамас: Милитантната група ја одобри првата фаза од договорот со Израел

Sase Ivanovski

Најмалку 39 загинати, десетици исчезнати во поплавите во јужен Бразил

Sase Ivanovski

Строги забрани во Црна Гора: Казни до 1.000 евра за одење во костими за капење во пешачки зони

Sase Ivanovski

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

Sase Ivanovski

Во среда, 8. мај, прстот на умот: да го дефинираме патот на земјата кон ЕУ

Sase Ivanovski

Вучиќ: Тајван е Кина и точка

Sase Ivanovski

Ковачевски: Да испратиме јасна порака дека во Македонија има прогресивни луѓе кои сакаат европска иднина, а не враќање во минатото

Sase Ivanovski

СКАНДАЛОЗНО: Професорка од Куманово, на многу суптилен и перфиден начин ги злоупотребува децата од нејзиното училиште за ширење на руската пропаганда

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Самоиницијатива на две момчиња во #Скопје, ги пополнуваат дупките со цел да не се оштетуваат автомобилите

Sase Ivanovski

Санела Шкријељ: Во центарот на Реформската агенда за Планот за раст се луѓето, тие се најважни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ВЛЕН Е ДВА ПАТИ ПОРАДИКАЛНА ОД ДУИ?!

Sase Ivanovski

МАЈКО МИЛА: СКОПСКА ПИЦЕРИЈА ДАВА 70 000 ДЕНАРИ ЗА ПИЦА МАЈСТОР?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: НА СИЉАНОВСКА И ДАДОВМЕ 60 000 ГЛАСОВИ 2019-ТА, А ВМРО ДПМНЕ НИ ЗАБРАНИ НАСТАПИ НА ТВ АЛФА И НАРАЧА МЕДИСКА ХАЈКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СПОРЕД АПАСИЕВ ЛЕВИЦА ДОПРВА ПОЛАГАЛА МАТУРА?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ГОРДАНА ЌЕ ИМА НАД 500 000 ГЛАСОВИ, А ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ИМА НАД 55 ПРАТЕНИЦИ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: НЕ Е ТАЈНА ДЕКА ДУИ РАБОТИ НА БОЈКОТ И СИЉАНОВСКА ДА НЕ СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ, НО НЕМА ДА УСПЕАТ

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска од Пустец: Идеалите на Делчев за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа

Sase Ivanovski

Зајкова: Ние не нудиме лажен патриотизам и гол популизам, туку реални и остварливи проекти

Sase Ivanovski

Маричиќ: Придобивките од Планот за раст на ЕУ надминуваат мандат на една Влада, секој ќе си ја преземе одговорноста ако пропуштиме да го реализираме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАЛИ Е УМОРЕН ОД ДОЛГАТА КАМПАЊА, ДАЛИ Е НАСТИНАТ: МИЦКОВСКИ ЕДВАЈ ЗБОРУВАШЕ ВО ИНТЕРВЈУТО НА СИТЕЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈЕБЕШ ЛАМБУРЏИНИ, ВЕРСАЧЕ СИ Е ВЕРСАЧЕ, СИТЕ ГО ЗНААТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 80-ТИТЕ ГОДИНИ БИЛЕ СЕКСИ И МНОГУ ЗАБАВНИ

Sase Ivanovski

СПОРЕД СОВЕТНИКОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ ЏОН БОЛТОН, ТРАМП 2019-ТА МУ РЕКОЛ НА КИНЕСКИОТ ЛИДЕР КСИ ДА ПРОДОЛЖИ СО ГРАДЕЊЕТО КОНЦ ЛОГОРИ ЗА КИНЕСКИТЕ МУСЛИМАНИ – УЈГУРИ

Sase Ivanovski

ФОТКИТЕ ОД РЕВОЛУЦИЈАТА ДЕНОВИВЕ ВО ГРУЗИЈА НИ ИЗГЛЕДААТ ПОЗНАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИГРАЧИТЕ НА ГЕТАФЕ ИСТРЧАА НА ТЕРЕН СО СВОИТЕ МАЈКИ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Паднаа маските на ЗНАМ и Димитриевски – признаа дека се политички субјект за лична корист и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

УЛИЦАТА ЛЕНИНОВА ВО ДЕБАР МААЛО БЛОКИРАНА ОД ПАДНАТО ДРВО

Sase Ivanovski

Стојаноска: Во име на Гоце Делчев и борците од НОБ, ги повикувам сите граѓани да го одберат број 2 за да ја зачуваме историјата

Sase Ivanovski

Гаши: Бојкотот не е решение за изборот на претседател

Sase Ivanovski

Благодатниот оган и на оваа Велика сабота се појави во храмот на Христовото Воскресение во Ерусалим

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРУЗИЕЦ Е УБИЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СОЛУН Ликвидиран е од возило во движење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ВОЗИМЕ СО БОЧВАРСКИ Филипче објави видео од патот Градско – Прилеп

Sase Ivanovski

МНОГУ МИ ЗНАЧИ, ТОА Е ПОТТИКНУВАЧКИ ЧЕКОР Силјановска му заблагодари на Димитриевски за поддршката

Sase Ivanovski

„Престанете со копање по минатото“: Порака на Ковачевски до Мицкоски, Ахмети и Силјановска

Sase Ivanovski

Во чест на Тито одекнаа сирените во 15 часот и 5 минути во Кумровац

Sase Ivanovski

ГОРАН СДК: Слушам, СДСМ ќе ги зголемува платите. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголемува пензиите. Ене ги уште лицитираат со бројки. И бруто домашниот производ ќе расте. И тоа многу ќе расте. Дај нека кажат на кое дрво растат парите, па и ние да одиме да набереме

Sase Ivanovski

Мицкоски очекува изборни нерегуларности од страна на ДУИ на изборите на 8 мај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАГИЧНО: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СЕ СЛАВИ ВЕЛИКИ ПЕТОК НА ОСТРОВИТЕ ВО ГРЦИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈОРГО ОД ДЕМОКРАТИ: ЌЕ УКИНЕМЕ ЗАСТАРУВАЊЕ НА КРИМИНАЛИ НА ПОЛИТИЧАРИ!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Левицата е СДСМ, а не некој дериват што одработува за ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Ахмети му порача на Касами да фрли бел пешкир во рингот

Sase Ivanovski

Лукаревска: Оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации

Sase Ivanovski

СКОПСКИ ДОКТОР ИЗМАМИЛ ГРАДЕЖНИ МАЈСТОРИ ВО ДЕЛЧЕВО

Sase Ivanovski

Џафери: Ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците не можат и не знаат

Sase Ivanovski

Килограм јагнешко за Велигден достигна 600 денари

Sase Ivanovski

Димитриевски навести дека ќе гласа за Силјановска

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се поклонивме пред великанот Гоце Делчев со желба за национално обединување

Sase Ivanovski

Ковачевски: Како што Делчев не се откажал, така и ние нема да се откажеме од нашата борба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА СО НЕВЛАДИНАТА МААА ОБУЧИЈА 40 ЖЕНИ ДА ВОДАТ БИЗНИС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Ќе формираме државна компанија која ќе произведува марихуана и опиум и ќе извезува во цел свет!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Ќе воведеме втора смена во администрација, секој после работа да оди да си заврши работа на шалтер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Ќе укинеме патарини, брзи кредити, извршители и коцкарници!

Sase Ivanovski

Спасувачка акција на ЦУК: По неколку часовна потрага пронајден изгубен маж на Палчковица

Sase Ivanovski

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Sase Ivanovski

ДАЛИ Е ОВА ТОЧНО?!

Sase Ivanovski
Вчитувам....