6.8 C
Скопје
05/05/2024 08:05
МАКТЕЛ

  

     

 

Расте интересот на Европјаните да излезат на гласање за ЕП заради сложената геополитичка ситуација

      

Од 6 до 9 јуни 2024 година, околу 373 милиони Европејци ќе бидат поканети на гласање за да изберат 720 членови на следниот Европски парламент.
Изборниот акт на ЕУ предвидува изборите за Европскиот парламент да се одржуваат на секои пет години во периодот од четврток до недела. Изборите годинава ќе се одржат во сите 27 земји членки на Европската унија, од четврток 6 јуни до недела 9 јуни.
Според изборните правила на Брисел кампањата на Европскиот парламент е непартиска, се спроведува децентрализирано во сите 27 земји членки, а во овој изборен процес ќе бидат вклучени партнери од јавниот и приватниот сектор и бројни познати личности преку чии активности пораките ќе можат да допрат до онолку луѓе колку што можно со цел да се промовира активно граѓанство и интерес за јавните политики

   

Изборни датуми
Врз основа на достапните информации и во очекување на официјалното известување од некои национални власти, гласањето ќе започне во Холандија во четврток на 6 јуни, по што ќе следи гласање во Ирска во петок на 7 јуни и во Латвија, Малта и Словачка во сабота на 8 јуни. Во Чешка избирачките места ќе бидат отворени во петок и сабота, додека во Италија ќе се гласа во сабота и недела. Во останатите 20 земји-членки (Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грција, Хрватска, Литванија, Луксембург, Унгарија, Германија, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија и Шведска) изборите ќе одржат во недела 9 јуни.

 

Организација на избори
Европските избори се организираат во согласност со националното законодавство на земјите-членки, иако постојат бројни заеднички одредби утврдени со правото на ЕУ. Мора да се обезбеди пропорционална застапеност. Повеќето држави се организирани во една изборна единица, националната територија на некои земји-членки (Белгија, Ирска, Италија и Полска) е поделена на неколку изборни единици.

   

     

Граѓаните на ЕУ кои живеат во друга земја-членка можат да гласаат и да се кандидираат за функција во таа држава.
Кога станува збор за изборните листи, постојат неколку национални системи, од затворени листи (нема можност за промена на редоследот на кандидатите) до полуотворени листи, гласачите можат да го менуваат редоследот на кандидатите на избраната листа и отворени листи, од кои гласачите можат да изберат кандидати од различни листи. Минималната возраст за гласање е исто така регулирана со националните регулативи. Во повеќето земји-членки тоа е 18 години, освен во Грција (17) и во Австрија, Белгија, Малта и Германија (16). Минималната возраст за кандидатура е различна и се движи од 18 до 25 години.

„Искористи го гласот“ – изборна кампања
Европскиот парламент е единствената европска институција која е директно избрана од граѓаните и како таква е единствената која директно одговара пред граѓаните и може да ги повика другите институции на одговорност за да обезбеди транспарентна и демократска Европа.

Податоците велат дека на последните избори во 2019 година излезноста во ЕУ беше 51%, што е највисоко ниво од 1994 година.
Според податоците пак од последното истражување на Евробарометар, интересот за изборите во ЕУ е поголем отколку пред претходниот циклус, така што 53 отсто од испитаниците во неколку земји во Унијата се изјасниле дека веројатно би гласале уште утре, имајќи ја во предвид сложената геополитичка ситуација со што е исклучително важна одлуката кој ќе ја води Европската унија и кој ќе одговори на надворешните и внатрешните предизвици.

Подготвеноста за гласање варира низ Европа
Во Белгија, каде што гласањето е задолжително, 73 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат. Педесет и осум отсто од словенечките гласачи изјавија дека најверојатно би гласале на европските избори доколку тие се одржат оваа недела, што е за девет процентни поени помалку од европскиот просек.

Малку повеќе од половина од хрватските гласачи (53 отсто) рекоа дека веројатно ќе излезат на гласање доколку следната недела се одржат европски избори. Послаб резултат од Хрватска имаше само Чешка. Педесет проценти од нејзините граѓани рекоа дека најверојатно ќе гласаат доколку изборите се одржат следната недела.
Според истражувањето, 64 отсто од Италијанците изјавиле дека веројатно би гласале на европските избори доколку тие се одржат наскоро, што е нешто пониско од европскиот просек.

Италија е меѓу земјите-членки на ЕУ каде интересот за европската политика порасна најмногу по војната во Украина и пандемијата – од 47 отсто во 2018 година на 58 отсто денес, што е повисоко од европскиот просек од 56 отсто.На прашањето што ги мотивира да излезат на европските избори, мнозинството од испитаниците ја споменале граѓанската должност да гласаат на избори и желбата да поддржат одредена политичка партија.

Од друга странаг, причините поради кои излезноста на европските избори е помала отколку на изборите на национално ниво го вклучува верувањето на гласачите дека еден глас нема ништо да промени, општата незаинтересираност и недоверба во политиката и верувањето дека она што се случува во европскиот парламент „не ги засега“.
Мнозинството Бугари (57 проценти), на пример, не се заинтересирани за европските избори што ќе се одржат во јуни 2024 година.

Досега Словачка отсекогаш имала најмал одѕив на гласачите на изборите за Европскиот парламент. Иако интересот на Словаците за европските избори е зголемен од последните избори, со 26 отсто според овие податоци, Словачка повторно е на последното место кога е во прашање излезноста на гласачите.
На прашањето што треба да направат Словаците за да го сменат овој неповолен тренд, Jaume Duch Guillot, генерален директор за комуникација, на Европскиот парламент рече дека решението е главно во рацете на политичарите, владата, парламентот и медиумите.

„Луѓето се уште најмногу им веруваат на медиумите, или на еден дел од медиумите. Тие треба да ги научат лекциите од последните четири до пет години, кога европските акции во различни кризи имаа јасно влијание врз секојдневниот живот“, рече тој.
Кризата со високите трошоци за живот предизвикуваат незадоволство
Кризата со високите трошоци за живот е во фокусот на европските гласачи пред европските избори. Половина од 26.376 испитаници во 27-те земји-членки на ЕУ „веруваат дека нивниот животен стандард се намалува и очекуваат тој дополнително да се намалува“, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар.

„Тоа навистина врши голем притисок врз луѓето“, е со мислење Филип Шулмајстер, директор на кампањи и поранешен шеф на Единицата за следење на јавното мислење на Европскиот парламент.
„Граѓаните многу брзо гледаат колку им останува во паричникот на крајот на месецот“, вели тој.
Резултатите од истражувањето покажаа дека 81 отсто од испитаниците во Бугарија се незадоволни од националните мерки против повисоките трошоци за живот. Повеќе од половина од Бугарите (61 процент) изјавиле дека не се задоволни од преземените мерки на европско ниво.Во Франција, 74 отсто од испитаниците рекле дека не се задоволни од начинот на кој владата се справува со кризата со високите трошоци за живот, а во Германија 59 отсто од испитаниците се незадоволни.

Во Белгија, 54 отсто од испитаниците се незадоволни од мерките што ги презеде нивната влада за да се справи со високите трошоци за живот, а 55 отсто од испитаниците се незадоволни од она што го направи ЕУ во овој поглед.Во Хрватска 38 отсто од испитаниците се изјасниле дека се задоволни од начинот на кој функционираат работите во ЕУ, а 48 отсто не се задоволни.

Во Шпанија, 66 отсто од испитаниците, исто како и во Грција, изјавиле дека нивниот животен стандард веќе е влошен или ќе се влоши во следната година. Само на Кипар тоа го кажале повеќе луѓе, 76 отсто од нив.Но, во овие податоци има оптимизам дека „Европската унија ќе може да го постигне она што го вети, нагласи Шулмајстер.
„Ова не е приказна за сè што е добро, ова е приказна за очекувањата и научената доверба“, рече тој.
Шеесет и четири проценти од Европејците рекле дека чувствуваат дека работите во нивните животи одат во добра насока. На пример, 69 отсто од Шпанците го делат овој оптимизам.

Корупцијата е тема и во ЕУ
Истражувањата не покажале дека довербата на европските гласачи во европските институции е разнишана од корупцискиот скандал во Европскиот парламент познат како „Катаргејт“.

Неколку пратеници и нивни помошници се уапсени во белгиска истрага под сомнение дека примале мито за промовирање на интересите на Катар и Мароко. Двете земји ги отфрлаат сите обвинувања.
Повеќе од половина од Бугарите – 53 проценти – изјавиле дека не се задоволни од борбата против дезинформациите, а 60 проценти од борбата против корупцијата.
Само 22 отсто од словенечките испитаници се задоволни од борбата против корупцијата, што е за 13 процентни поени помалку од европскиот просек.

Најново истражување на Euronews и Ipsos пред изборите во ЕУ
Во истражувањето беа опфатени речиси 26.000 луѓе во 18 земји што претставуваат 96 отсто од населението на ЕУ. Како прво од ваков вид пред евроизборите што ќе се одржат во јуни носи повеќе од значајни податоци – зголемена поддршка за десницата и колапсот на Зелените и либералите пред евроизборите во јуни. Истражувањето меѓу другото покажало дека 46 отсто од испитаниците сакаат помало влијание од европските институции како што се Европскиот совет и Европската комисија, односно повеќе овластувања да се префрлат на националните влади.
Во врска со оваа тема претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во интервју за Euronews во емисијата Global Conversation во Брисел, ги коментираше резултатите од истражувањето и рече дека не може да каже дека е изненаден.

– Но, можам да кажам дека многу луѓе низ ЕУ многу добро знаат дека кога ја имавме кризата Ковид-19, одговорот беше на ниво на Европската унија. Истото кога се случија енергетската криза, инфлацијата и другите предизвици како што се климатските промени – ни треба повеќе од Европската унија за да ги координира акциите. И мислам дека е погрешно да се мешаат работите на национално ниво со оние на ниво на Европската унија. Ако имаме силни земји-членки, ќе имаме и силна Европска Унија и тоа го чувствуваат сите наши граѓани, низ цела ЕУ, рече Мишел.

На прашењето дали Мишел е загрижен за сериозното наклонетост кон екстремната десница, што се гледа и во истражувањата на јавното мислење и дали верува дека тоа ќе има влијание врз Европскиот парламент кога станува збор за голем број граѓански права, како што се правата на жените, работнички права, имиграција тој одговори дека „истражувањето е истражување и дека нема да биде прв пат во историјата да покаже некои грешки“.

„Но, да го дочекаме исходот од овие избори. Демократскиот модел, основните слободи и човековите права се под притисок не само од внатре во ЕУ, туку и од надворешни притисоци. Затоа не би трбало да се заборави дека основниот проект мора да се заснова на вредности, но и дека европските принципи мора да бидат доминантни и тие треба да се испорачат. Европските граѓани тоа го очекуваат од нас, да им ги подобриме условите за живот, да им гарантираме поголем просперитет, да иновираме, како и да им гарантираме поголема слобода и да го заштитиме мирот во Европа“, оцени Шарл Мишел.
извор: Рацин

    

Најново

РОБЕРТ ХАДСОН, ИВАН ДОДЕВСКИ, АНА МАРТИНОСКА И ЖАРКО ИВАНОВ ЈА ПРИМИЈА НАГРАДАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Sase Ivanovski

Адеми: Неопходно е почитување на Бадентеровото мнозинство за функционални институции

Sase Ivanovski

Истражителка на ОЈО – Скопје за компјутерски криминал доби признание од ИЛЕА

Sase Ivanovski

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

Sase Ivanovski

Маричиќ: Граѓаните ќе одлучат кој ќе биде власт, а кој опозиција во Собранието

Sase Ivanovski

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Sase Ivanovski

Скандал во ЈОРМ: Дрски и безобразни вратари не дозволуваат влез на странки во обвинителство

Sase Ivanovski

Адвокатите изненадени што ги заклучиле судиите на скопска двојка – нема пристап без строги најави

Sase Ivanovski

Војна во Газа, на тлото на Америка

Sase Ivanovski

Во челустите на пандемијата на деснило

Sase Ivanovski

Русија: Украина го нападна Крим со американски ракети

Sase Ivanovski

Захарова: Во Украина ќе има мир ако Западот престане да испорачува оружје

Sase Ivanovski

На булевар во Кичево украле банер со лого на политичка партија

Sase Ivanovski

Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

ФОТО: Во пресрет на Велигден, полициската асоцијација ги посети највозрасните на Геријатрија

Sase Ivanovski

За што се работи: Америка купи повеќе од 80 советски борбени авиони

Sase Ivanovski

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Sase Ivanovski

(Фото) Еден од најголемите градови во светот тоне. Земјата гради нов главен град

Sase Ivanovski

Шкријељ: СДСМ направи голем исчекор во однос на младинската невработеност, потребите на бизнисите и квалитетот на работните места

Sase Ivanovski

Русија распиша потерница по Зеленски

Sase Ivanovski

ИНТЕРВЈУ Слаѓана Анѓелкоска, професор и психолог: Децата ни се со се поголеми когнитивни потешкотии!

Sase Ivanovski

Изборите ќе ги следат 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи

Sase Ivanovski

Ердоган: Свесни сме дека Западот ќе нè нападне поради нашите трговски ограничувања кон Израел

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Sase Ivanovski

Берлин ја нуди како подарок вилата на Гебелс, министерот за пропаганда на Хитлер

Sase Ivanovski

Напад на руски беспилотни летала на Харков и Днипро

Sase Ivanovski

Последната битка за Работнички дом: Кој сака да ја земе вредната зграда на ССМ!?

Sase Ivanovski

Извор од Хамас: Милитантната група ја одобри првата фаза од договорот со Израел

Sase Ivanovski

Најмалку 39 загинати, десетици исчезнати во поплавите во јужен Бразил

Sase Ivanovski

Строги забрани во Црна Гора: Казни до 1.000 евра за одење во костими за капење во пешачки зони

Sase Ivanovski

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

Sase Ivanovski

Во среда, 8. мај, прстот на умот: да го дефинираме патот на земјата кон ЕУ

Sase Ivanovski

Вучиќ: Тајван е Кина и точка

Sase Ivanovski

Ковачевски: Да испратиме јасна порака дека во Македонија има прогресивни луѓе кои сакаат европска иднина, а не враќање во минатото

Sase Ivanovski

СКАНДАЛОЗНО: Професорка од Куманово, на многу суптилен и перфиден начин ги злоупотребува децата од нејзиното училиште за ширење на руската пропаганда

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Самоиницијатива на две момчиња во #Скопје, ги пополнуваат дупките со цел да не се оштетуваат автомобилите

Sase Ivanovski

Санела Шкријељ: Во центарот на Реформската агенда за Планот за раст се луѓето, тие се најважни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ВЛЕН Е ДВА ПАТИ ПОРАДИКАЛНА ОД ДУИ?!

Sase Ivanovski

МАЈКО МИЛА: СКОПСКА ПИЦЕРИЈА ДАВА 70 000 ДЕНАРИ ЗА ПИЦА МАЈСТОР?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: НА СИЉАНОВСКА И ДАДОВМЕ 60 000 ГЛАСОВИ 2019-ТА, А ВМРО ДПМНЕ НИ ЗАБРАНИ НАСТАПИ НА ТВ АЛФА И НАРАЧА МЕДИСКА ХАЈКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СПОРЕД АПАСИЕВ ЛЕВИЦА ДОПРВА ПОЛАГАЛА МАТУРА?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ГОРДАНА ЌЕ ИМА НАД 500 000 ГЛАСОВИ, А ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ИМА НАД 55 ПРАТЕНИЦИ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: НЕ Е ТАЈНА ДЕКА ДУИ РАБОТИ НА БОЈКОТ И СИЉАНОВСКА ДА НЕ СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ, НО НЕМА ДА УСПЕАТ

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска од Пустец: Идеалите на Делчев за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа

Sase Ivanovski

Зајкова: Ние не нудиме лажен патриотизам и гол популизам, туку реални и остварливи проекти

Sase Ivanovski

Маричиќ: Придобивките од Планот за раст на ЕУ надминуваат мандат на една Влада, секој ќе си ја преземе одговорноста ако пропуштиме да го реализираме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАЛИ Е УМОРЕН ОД ДОЛГАТА КАМПАЊА, ДАЛИ Е НАСТИНАТ: МИЦКОВСКИ ЕДВАЈ ЗБОРУВАШЕ ВО ИНТЕРВЈУТО НА СИТЕЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈЕБЕШ ЛАМБУРЏИНИ, ВЕРСАЧЕ СИ Е ВЕРСАЧЕ, СИТЕ ГО ЗНААТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 80-ТИТЕ ГОДИНИ БИЛЕ СЕКСИ И МНОГУ ЗАБАВНИ

Sase Ivanovski

СПОРЕД СОВЕТНИКОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ ЏОН БОЛТОН, ТРАМП 2019-ТА МУ РЕКОЛ НА КИНЕСКИОТ ЛИДЕР КСИ ДА ПРОДОЛЖИ СО ГРАДЕЊЕТО КОНЦ ЛОГОРИ ЗА КИНЕСКИТЕ МУСЛИМАНИ – УЈГУРИ

Sase Ivanovski

ФОТКИТЕ ОД РЕВОЛУЦИЈАТА ДЕНОВИВЕ ВО ГРУЗИЈА НИ ИЗГЛЕДААТ ПОЗНАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИГРАЧИТЕ НА ГЕТАФЕ ИСТРЧАА НА ТЕРЕН СО СВОИТЕ МАЈКИ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Паднаа маските на ЗНАМ и Димитриевски – признаа дека се политички субјект за лична корист и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

УЛИЦАТА ЛЕНИНОВА ВО ДЕБАР МААЛО БЛОКИРАНА ОД ПАДНАТО ДРВО

Sase Ivanovski

Стојаноска: Во име на Гоце Делчев и борците од НОБ, ги повикувам сите граѓани да го одберат број 2 за да ја зачуваме историјата

Sase Ivanovski

Гаши: Бојкотот не е решение за изборот на претседател

Sase Ivanovski

Благодатниот оган и на оваа Велика сабота се појави во храмот на Христовото Воскресение во Ерусалим

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРУЗИЕЦ Е УБИЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СОЛУН Ликвидиран е од возило во движење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ВОЗИМЕ СО БОЧВАРСКИ Филипче објави видео од патот Градско – Прилеп

Sase Ivanovski

МНОГУ МИ ЗНАЧИ, ТОА Е ПОТТИКНУВАЧКИ ЧЕКОР Силјановска му заблагодари на Димитриевски за поддршката

Sase Ivanovski

„Престанете со копање по минатото“: Порака на Ковачевски до Мицкоски, Ахмети и Силјановска

Sase Ivanovski

Во чест на Тито одекнаа сирените во 15 часот и 5 минути во Кумровац

Sase Ivanovski

ГОРАН СДК: Слушам, СДСМ ќе ги зголемува платите. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголемува пензиите. Ене ги уште лицитираат со бројки. И бруто домашниот производ ќе расте. И тоа многу ќе расте. Дај нека кажат на кое дрво растат парите, па и ние да одиме да набереме

Sase Ivanovski

Мицкоски очекува изборни нерегуларности од страна на ДУИ на изборите на 8 мај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАГИЧНО: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СЕ СЛАВИ ВЕЛИКИ ПЕТОК НА ОСТРОВИТЕ ВО ГРЦИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈОРГО ОД ДЕМОКРАТИ: ЌЕ УКИНЕМЕ ЗАСТАРУВАЊЕ НА КРИМИНАЛИ НА ПОЛИТИЧАРИ!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Левицата е СДСМ, а не некој дериват што одработува за ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Ахмети му порача на Касами да фрли бел пешкир во рингот

Sase Ivanovski

Лукаревска: Оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации

Sase Ivanovski

СКОПСКИ ДОКТОР ИЗМАМИЛ ГРАДЕЖНИ МАЈСТОРИ ВО ДЕЛЧЕВО

Sase Ivanovski

Џафери: Ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците не можат и не знаат

Sase Ivanovski

Килограм јагнешко за Велигден достигна 600 денари

Sase Ivanovski

Димитриевски навести дека ќе гласа за Силјановска

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се поклонивме пред великанот Гоце Делчев со желба за национално обединување

Sase Ivanovski

Ковачевски: Како што Делчев не се откажал, така и ние нема да се откажеме од нашата борба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА СО НЕВЛАДИНАТА МААА ОБУЧИЈА 40 ЖЕНИ ДА ВОДАТ БИЗНИС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Ќе формираме државна компанија која ќе произведува марихуана и опиум и ќе извезува во цел свет!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Ќе воведеме втора смена во администрација, секој после работа да оди да си заврши работа на шалтер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Ќе укинеме патарини, брзи кредити, извршители и коцкарници!

Sase Ivanovski

Спасувачка акција на ЦУК: По неколку часовна потрага пронајден изгубен маж на Палчковица

Sase Ivanovski
Вчитувам....