Adora Business Group во рамките на 22 годишната општествено одговорната мисија, продолжува со поддршка на спортот и младите надежни таленти.
Традиционално, втора година по ред, како генерален спонзор, го поддржавме Гран при Македонија – Mеѓународниот турнир во карате, кој неодамна се одржа во Спортско рекреативниот центар Кале во Скопје, во организација на Карате Клуб Кизаме. На овој светски спортски настан, на кој учествуваа 1050 натпреварувачи на возраст од 6 до 21 година од 13 држави, македонските каратисти беа најдобри во генералниот пласман, а Карате Клубот Кизаме освои парични награди во неколку категории.
За дадената поддршка за одржување на турнирот, Карате Клуб Кизаме ù додели благодарница на #Адора. Со континуираната поддршка на спортот и младите, Adora Business Group сака да придонесе во изградба на поздраво, посреќно и поперспективно општество.