18.8 C
Скопје
30/04/2024 23:22
МАКТЕЛ

  

     

 

Прва био – супа без синтетски адитиви, иновација на македонката Моника Стојанова

      

Био – супа, индустриски произведена дехидрирана зеленчукова супа, без синтетски адитиви, збогатена со екстракти од медицински печурки, собрани од македонските планини, е најновиот иновативен производ на македонката Моника Стојанова, доктор на науки во областа на прехранбена индустрија, односно технолошка микробиологија. Супите поседуваат антиоксидативни, антимикробни и имуномодулаторни својства, поради што спаѓаат во т.н. функционална храна, чии екстракти се произведени од македонски печурки и во македонски услови. Стојанова истражувањето го правела како докторант под раководство на универзитетски професори од Универзитетот во Белград. – Создадовме нешто светско, но сепак, наше Македонско, вака почна разговорот со младата иноваторка, која за МИА сподели како дошла до идеја за добивање целосно безбеден и квалитетен производ во индустриски услови. Со консумирање една порција дневно од био-супата се внесува нутритивно полновреден оброк, со биоактивни компоненти со антиоксидативно и антимикробно дејство.

   

Големата употреба на синтетички адитиви во храната инспирација за истражувањето – Идејата за истражувањето, направено под раководство на професорите, д-р Миомир Никшиќ и д-р Милена Пантиќ од Катедрата за технолошка микробиологија на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Белград, според Стојанова, дошла од потребата за безбедноста на храната и користењето синтетски адитиви за подобрување на бојата и аромата на производот, конзерванси и слично. – Согледувајќи ги главните „критични точки” во прехранбената индустрија во ланецот индустрија – квалитетна храна – потрошувачи, и инспирирани од помислата да се произведе целосно безбеден и квалитетен производ во индустриски услови, спонтано и низ долги разговори со моите професори, дојдовме до идеја да создадеме еден целосно нов производ. Да се соочиме со предизвиците во научното истражување, кои почнуваат меѓу лабораториските ѕидови и сето тоа да се обидеме да го имплементираме во практиката зачекорувајќи низ лавиринтот на индустриските погони. Накусо, така за првпат во Македонија и во светот настана нашиот нов производ био-супа, индустриски произведена дехидрирана зеленчукова супа, без примена на синтетски адитиви, а збогатена со екстракти од неколку видови диви печурки собрани од македонските планини, истакна Стојанова.

 

Прв производ со екстракт од македонски печурки – Истражувањето почнало со селекција и избор на три видови диви печурки, собрани од неколку локации во државата: Suillus granulatus, јадлива печука со народно име волчјо лепче и медицинските Coriolus versicolor, познати како мисиркина опашка и Fuscoporia torulosa. – Најнапред беа извршени детални хемиски анализи на свежите, а потоа и на сушените печурки. Потоа, во лабораториски услови произведовме екстракти од овие печурки. Со оглед на тоа што до сега не постоеја никакви истражувања за биолошкиот потенцијал на македонските печурки, на почетокот немавме никакви очекувања ниту предвидувања во оваа насока. Затоа, спроведовме детални хемиски и биолошки анализи на добиените екстракти, кои меѓу другото опфатија утврдување на содржината на феноли, флавоноиди, глукани, протеини, in vitro утврдување на антиоксидативниот, антимикробниот и антиканцерогениот потенцијал. Бевме навистина пријатно изненадени кога почнавме да ги добиваме резултатите, кои беа фасцинантни. Реткост е сите овие компоненти да се најдат во толку големи концентрации собрани во еден производ, појаснува Стојанова, нагласувајќи дека тие можат да се искористат како додаток во било кој производ. Овој производ, како што подвлече, е прв од ваков вид во светски рамки. – Позната е употребата на екстракти од печурки како реиши, кордицепс, маитаке и други во кафе, чај, козметички производи. И во Македонија имаме производи во чиј состав ги има тие екстракти од печурки. Но, тоа се увозни печурки/екстракти, па и производи, од странско поднебје, истакна Стојанова, која пред само четири години иновираше македонски традиционален колбас без хемиски адитиви.

   

     

Индустриските супи содржат појачувач на арома (МНГ или Е621), кој предизвикува несакани појави кај конзументите – Супите во современото општество, претставуваат еден од најдобрите инстант производи, кои се многу популарни. Го задоволуваат критериумот за брза подготовка во денешното динамично време, но за разлика од брзата храна, според нашата соговорничка, супите претставуваат многу хранлив оброк, кој ги задоволува дневните нутритивни потреби (во зависност од состојките) и може да ги употребуваат сите видови потрошувачки групи. – Но, кај индустриски произведените супи, покрај сите овие позитивни карактеристики, негативен аспект е тоа што, покрај останатите синтетски адитиви, содржат појачувач на аромата – мононатриум глутаминат (МНГ или познат како Е621). Бројни студии покажуваат дека МНГ е поврзан со несакани појави меѓу потрошувачите, како главоболки, тегоби, забрзана срцева активност, па сѐ до посериозни здравствени нарушувања, појаснува Стојанова. За аплицирање на добиените екстракти во супите, прецизира дека најпрво тие поминале низ процесот лиофилизација (заради нивната полутечна форма, со процесот на лиофилизација се претворени во форма на прав, за посоодветно аплицирање во дехидрирани производи), со што дошло до уште поголемо концентрирање на сите биоактивни компоненти, а со тоа и до уште поголема биолошка активност. Од друга страна, пак, ја исклучиле употребата на сите адитиви, посебно на МНГ. Производството на био – супите било направено во македонска прехранбена индустрија.

– На овој начин, се доби целосно нов производ: дехидрирана зеленчукова супа збогатена со екстракт од медицински печурки, без МНГ (вкусот го заменивме со додавање на сушен вргањ). Со детални хемиски и биолошки анализи беше утврдено дека овој производ, покрај исклучителниот нутритивен состав, поседува јака антиоксидативна активност и јака антимикробна активност (супата беше тестирана на 12 видови патогени микроорганизми, од кои позначајни се Listeria monocytogenes, Escherichia coli, Salmonella Enteritidis, Staphylococcus aureus, Candida albicans и др.). Конвенционалните зеленчукови супи не поседуваат ниту едно од овие својства кои ги добивме во новокреираната Био-супа. Тоа значи дека со консумирање една порција дневно од Био-супата имаме нутритивно полновреден оброк, а внесуваме и биоактивни компоненти со антиоксидативно дејство, кои го прочистуваат организмот од слободните радикали и антимикробно дејство, односно дејствуваат против патогените микроорганизми и го подобруваат имунолошкиот систем. Поради овие својства, Био – супите спаѓаат во т.н. функционална храна (храна која покрај нутритивната вредност има поволно дејство врз организмот и превентивно може да делува против бројни заболувања), детално опиша нашата соговорничка.

Био-супите со поголем потенцијал на пазарот од конвенционалните – Она што ги прави поразлични био-супите, излезени од лабораторијата со која раководела Стојанова, е првпат аплициран екстракт од S. granulatus, C. versicolor и F. torulosa. – А она што е уште поважно за првпат беа употребени македонски печурки и со гордост можеме да се пофалиме дека македонските печурки имаат многу подобар состав споредено со популарните реиши, маитаке, шиитаке. И за првпат е произведена супа која содржи екстракти од печурки, што не е исто со супа од свежи/сушени печурки, појаснува Стојанова. За потврдување на резултатот од целото истражување направена била сензорна анализа, каде искусни дегустатори, но и аматери ги оценувале органолептичките својства на Био-супите.

– Заради додадените екстракти, супите имаат малку поразличен изглед од оние конвенционалните на кои сме навикнати како потрошувачи, односно имаат кафеава боја. Но, тој нов изглед, заедно со карактеристичниот вкус, доби прилично високи оцени, односно повеќе од 80 отсто, што означува исклучително висока оцена. Тоа беше само уште една потврда за вредноста и посебноста на Био-супите, заклучува младиот, но професионален истражувач. Според неа, со оглед на фактот што не се потребни посебни услови за индустриско производство на ваков вид производ, Био-супите би можеле да имаат поголем потенцијал на пазарот споредено со конвенционалните супи.

Био – супите во потесен круг за светската награда Food Tech Innovation Award 2022 – Био – супите, како што информира Стојанова, биле номинирани за светската награда Food Tech Innovation Award 2022, во категоријата здрава храна, каде во исклучително јака конкуренција и индустрии од целиот свет, производот успеал да дојде до потесниот круг пред финалето. Резултатите од ова истражувањето, се објавени во неколку научно-истражувачки трудови во еминентни научни списанија на SCI листата, преку издавачките куќи Springer и Wiley. – Со сето ова Македонија и Србија дадоа придонес кон светските трендови и технолошки постапки, каде со правилна употреба на екстрактите од печурки може да се постигнат посакуваните својства, делумно или целосно да се елиминира употребата на синтетските адитиви, а истовремено да се добијат т.н. функционални својства кои имаат поволно влијание врз здравјето на потрошувачите. Следејќи го овој пример, може да се даде сосема поинаква насока на индустриското производство на храната, каде истовремено ќе се задоволат потребите и на индустријата и на потрошувачите за производство на квалитетна и безбедна храна, заклучува Стојанова. Био – супите не се достапни на пазарот, но се очекува во најскоро време потрошувачите да ја збогатат својата трпеза со овој нов, здрав и функционален македонски производ.

    

Најново

Мицкоски до Ахмети: Наместо да завршиш како идеолог, во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Sase Ivanovski

Ковачевски од Неготино: Али Ахмети прави грешка со скандирањата УЧК, тоа никому не носи добро

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петнаесет работници загинале, 93 биле повредени на работни места лани

Sase Ivanovski

Мицкоски со низок удар: Како може Ковачевски да очекува да му веруваат граѓаните кога не му веруваат најблиските од семејството, оттука на 8 мај очекувам убедлива победа на Силјановска Давкова и Коалицијата Твоја Македонија

Sase Ivanovski

ОТКАКО СТЕВО ПОЧНА ДА И БРОИ КОЛКУ КУЌИ И СТАНОВИ ИМА, СИЉАНОВСКА ПОБАРА ОД ПЕНДАРОВСКИ ДА БИДЕ ЏЕНТЛМЕН, ТАА ВЕТИ ДЕКА ЌЕ БИЛА ДАМА

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ РАСПАЛИ СО ТЕШКА АРТИЛЕРИЈА: Изразот „хибриден режим“ за Македонија првпат е употребен кога Силјановска беше дел од владата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Со сегашната опозиција ако утре бидат власт, до 2050 година нема да бидеме земја членка на ЕУ

Sase Ivanovski

За разлика од човек-партиите како ЗНАМ, СДСМ е државничка партија која не прифаќа услови од никого – му порача Ковачевски на Димитриевски

Sase Ivanovski

ОВА Е КОМИЧНО Силјановска Давкова: Ја прифаќаме Преговарачката рамка, но не и уставните измени

Sase Ivanovski

Ахмети до Силјановска Давкова: За 2001-ва, сум бил борец за слобода, а не платеник или дезертер

Sase Ivanovski

Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може, изјави министерот Тошковски

Sase Ivanovski

Каевски, Димевски, Мојсовски се меѓу обвинетите во случајот со спортски ваучери!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

Sase Ivanovski

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

Sase Ivanovski

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички, туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот

Sase Ivanovski

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

Sase Ivanovski

Пендаровски: Сите носители на функции мора да бидат проверени како се збогатиле преку ноќ

Sase Ivanovski

Политички препукувања: Слоган „Твоја Македонија“, шовинистички или не?!

Sase Ivanovski

Меџити: Редно е МВР, Бирото за јавна безбедност, Управата за јавни приходи и Царината да бидат раководени од Албанци

Sase Ivanovski

Петровска: Од скандирањето „УЧК“ корист нема никој

Sase Ivanovski

Адеми: Албанската опозиција организира завршен митинг во исто време, на исто место со Европскиот фронт – ова е провокација

Sase Ivanovski

Ковачевски: Никогаш нема да ги прифатам критиките од ВМРО-ДПМНЕ и ученикот на Груевски

Sase Ivanovski

Битиќи: Не смееме да дадеме шанса ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози европската иднина

Sase Ivanovski

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6% од БДП

Sase Ivanovski

Фино лепо си застанаа на сред пешачки. Кога им посочив, момакот сакаше да се тепа

Sase Ivanovski

Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА МУ ПОРАЧА НА ПЕНДАРОВСКИ ДА УМРЕ МАШКИ: Тешки зборови меѓу Пендаровски и Силјановска Давкова во тв дуел

Sase Ivanovski

Каевски ги отфрла обвинувањата за финансирање на спортски клубови и федерации преку ваучерски систем

Sase Ivanovski

Мицкоски: Вооружена група контролирана од ДУИ се движи низ делови на Скопје

Sase Ivanovski

Пендаровски во Арачиново: Не се кандидирам за претседател само на Македонците

Sase Ivanovski

Димитриевски до ВМРО-ДПМНЕ: Потврдете дека не е точно дека дел од вашето раководство заговара соработка со Заев преку Филипче

Sase Ivanovski

“За нас УЧК е света, ВМРО ДПМНЕ да се огради од ваквите изјави” Изет Меџити реагира на синоќешниот говор на Силјановска

Sase Ivanovski

Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо. Потврди и министерот Лога

Sase Ivanovski

Петровска: Тошковски не споделил информации за вооружени групи со институциите, веројатно споделува само по партиска линија

Sase Ivanovski

Нема да ја поддржиме Силјановска  – вели Изет Меџити

Sase Ivanovski

Русија има право: САД се лицемерни – се противат на истрага за Израел, ама поддржуваат наредба за апсење на Путин

Sase Ivanovski

Злоупотреби и несовесно работење: Обвинение против 12 лица за доделување на спортски ваучери!

Sase Ivanovski

Ахмети: Одговорноста за стабилноста и мирот во оваа земја ја имаат двете најголеми заедници, Албанците и Македонците

Sase Ivanovski

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НСДП И КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК ВО ИЕ.3 ГОРАН МИСОВСКИ ДЕНЕС ПОМЕЃУ КОЧАНЧАНИ

Sase Ivanovski

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НСДП И КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК ВО ИЕ.3 ГОРАН МИСОВСКИ ДЕНЕС ПОМЕЃУ КОЧАНЧАНИ

Sase Ivanovski

НАДАЛ ДОКАЖА ДЕКА НЕ Е ЗА ФРЛАЊЕ Лавовски се бореше против Качин и успеа да победи

Sase Ivanovski

Патолошки еколошки „лажови“

Sase Ivanovski

ПОЛУДЕ СВЕТОТ! 36-годишен маж со мачета напаѓа луѓе во Лондон

Sase Ivanovski

Вработените во ФЗО на предупредувачки протест, генерален штрајк ако не им бидат усогласени платите со растот на минималната плата

Sase Ivanovski

ГРК СО „ОПЕЛ“ УДРИЛ ВО ДВА АВТОМОБИЛИ ВО ДОЈРАН Се здобил со тешки повреди

Sase Ivanovski

Хамас ја разгледува понудата на Израел за 40-дневно примирје во Појасот Газа

Sase Ivanovski

ОН: Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години

Sase Ivanovski

„Европскиот фронт“- Бидете сигурни дека нема да се формира ниту една владејачка гарнитура без нашите пратеници

Sase Ivanovski

Јадењето ситни риби наместо црвено месо може да спаси 750.000 животи, велат научниците

Sase Ivanovski

Мециновиќ: Ги повикуваме гласачите на СДС да гласаат за Левица, за да се задржи левиот контингент

Sase Ivanovski

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

Sase Ivanovski

Разочарување за Први Мај – ќе има дожд и невреме

Sase Ivanovski

Грчки државјанин приведен на „Табановце“ поради давање поткуп

Sase Ivanovski

Даштевски за МИА: Интензивно се подготвуваме за двојните избори на 8 мај, граѓаните ќе можат само еднаш да дојдат на гласање

Sase Ivanovski

Битиќи до домашните компании: Со заедничка поддршка инвестиравте над 500 милиони евра, да продолжиме заеднички

Sase Ivanovski

„Ние сме партија која не краде, не лаже и не манипулира“ вели Арсовска

Sase Ivanovski

ЕУ и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, порача Шарл Мишел

Sase Ivanovski

Време на нова надеж

Sase Ivanovski

Гори замокот на Хари Потер, Русија ја нападна Одеса

Sase Ivanovski

ФОТО: На Рекорд нова сообраќајна незгода со моторџија во Скопје

Sase Ivanovski

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА – Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

Sase Ivanovski

Силен СДСМ во Собранието е потребен за иднината на државата, граѓаните масовно да излезат на 8 мај

Sase Ivanovski

133 санкции за брзо возење 

Sase Ivanovski

Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина

Sase Ivanovski

Николоски:Број еден приоритет ни е борба против криминалот и корупцијата

Sase Ivanovski

„Биди хуман- спаси живот” : Крводарителска акција во Уставниот суд денеска по повод 60 години oд постоењето

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај

Sase Ivanovski

Ковачки: Со Платформата 1198 се обврзуваме на 1 милион евра за проекти во Зрновци за нов зелен пазар, изградба на брана на Морошка река и резервоар за водоснабдување во Видовиште

Sase Ivanovski

Герасимовски: Започна инсталирање на смарт јавно осветлување близу училишта, градинки, паркови и шеталишта

Sase Ivanovski

Д-р Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун и 12.000 денари за зелена нафта

Sase Ivanovski

Захариевски: ЗНАМ предвидува мерки за развој на бањскиот и медицинскиот туризам од кои Македонија може да оствари значајни приходи

Sase Ivanovski

Напуштањето на милениците е суровост за која не постои никакво оправдување

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на ОВР Македонски Брод и ОВР Крушево

Sase Ivanovski

Мицкоски: Би сакал да одговорат опозициските партии дали ќе повикаат да излезат за Гордана Силјановска Давкова и дали ќе се обединиме против оваа власт

Sase Ivanovski

Мицкоски од Куманово: Али Ахмети ќе ја заврши политичката кариера како криминалец, одговорност за криминалот и корупцијата ќе има ДУИ ќе оди во опозиција

Sase Ivanovski

Ковачевски од Неготино: Асномците и Илинденците не се откажаа, нема да се откажеме и ние од борбата за македонската иднина

Sase Ivanovski

Мисајловски: Со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има 50 милиони евра директна поддршка за спортот и 250 милиони за сите општини

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе си одговара секој кој ќе се огреши кон законот, без оглед на се

Sase Ivanovski

Ковачевски за 360: Повикуваме на обединување на сите прогресивни сили, да не се вратиме во изолација како во минатото

Sase Ivanovski
Вчитувам....