- Отворањето на бугарските клубови во земјава е дел од хибридната војна на Русија против НАТО, САД и ЕУ а со тоа и против Северна Македонија, целта е да се испровоцира омраза меѓу Северна Македонија и Бугарија со цел да се стопира и влезот на земјава во ЕУ. Во оваа насока се и нарачани изјави на бугарски политичари и историчари кои се длабоко фашистички према македонскиот народ.
Директорот на Агенција за Разузнавање, Еролд Муслиу на АлсатМ. Оваа институција спаѓа во делокругот на работа на претседателот Стево Пендаровски и има надлежност на разузнавање надвор од земјава со цел превенција на непријателски дејствија против земјата.