Од 19:45 часот сообраќајот на регионалниот пат Богданци – Гевгелија е во прекин во двата правци, поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова.
– Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка „мерцедес”, „опел корса” и „хјундаи”. Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гевгелија – изјави Трајанова.
Од 19:45 часот сообраќајот на регионалниот пат Богданци – Гевгелија е во прекин во двата правци, поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
„Патот е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку с.Богородица. ТППЕ Гевгелија е излезена со 1 пп возило и 3 пожарникари, како и екипа на ПС Гевгелија кои вршат увид на местото на настанот“, велат од ЦУК Струмица.Според информации на Фактор, има повредени, при што дел ќе бидат однесени на КАРИЛ, а дел во ГОБ „8-ми Септември“. Како што објавија дел од медиумите, станува збор за мигранти.