Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека ништо нема да го спречи Израел да ја уништи палестинската милитантна група Хамас.
„Продолжуваме до крајот, победата и елиминирањето на Хамас. Ништо нема да не сопре”, рече Нетанјаху, според Тајмс од Израел.
Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот рече дека Израел почнува да губи поддршка поради безогледното бомбардирање на Газа, додавајќи дека Нетанјаху треба да ја промени својата тврда влада.