Се работи за Мерсиха Смаиловиќ која ќе биде кандидат на Бошњачки демократски сојуз.Мерсиха Смаиловиќ е правничка и граѓанска активистка.Во својот граѓански ангажман активна е на полето на застапување за човековите права, дискриминацијата, родовата еднаквост, правата на етничките групи итн.Нејзините истражувачки трудови за правата на бегалците, исламофобијата, правата на жените беа објавени во неколку локални и меѓународни публикации.
Таа беше активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво.Мерсиха дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Правниот факултет, а моментално магистрира Меѓународно право на истиот универзитет.Била вклучена во неколку иницијативи за измени на закони и правилници во државава.
Таа е алумнистка на американската организација Vital Voices која е основана од Хилари Клинтон која има за цел едукација и поддршка на жените во политиката.Мерсиха е родена во Скопје, мажена и мајка на две ќерки.Таа е сопственичка на компанијата за финансиски и правни услуги НАХЛА КОНСАЛТИНГ каде моментално е со редовен работен ангажман.