Припадниците на специјалните сили на Македонија учествуваат во воена вежба во Грција/Фото: Министерство за одбрана на Грција
Припадници на специјалните сили на Македонија, заедно со специјални сили од уште седум земји и домаќинот Грција, учествуваат во воената вежба „TROJAN FOOTPRINT (TFP) – 24“, што се одржува на грчка територија во рамките на НАТО вежбата „STEADFAST DEFENDER – 24“.
-Вежбата на специјалните сили – силите за специјални операции „TROJAN FOOTPRINT (TFP) – 24“, започна на 28 февруари и ќе трае до 15 март, учествуваат специјални сили и средства на Командата за специјални војни на грчката армија, како и припадници и средства од Албанија, Бугарија, Франција, Република Северна Македонија, Велика Британија, САД, Италија и Црна Гора, пишува МИА.
Синоќа, на отворениот ден, вежбата на островот Евија ја следеа министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас и началникот на Генералштабот на грчката одбрана Димитрис Хупис.
Припадниците на специјалните сили на Македонија учествуваат во воена вежба во Грција/Фото: Министерство за одбрана на Грција
-Вечерва имавме можност да го видиме исклучителното ниво на професионализам на нашите специјални сили, жени и мажи, но и на специјалните сили од земјите пријатели кои се овде во Грција и се обучуваат со нас, за соработката која е заемно корисна, која има за цел да обезбеди безбедност, стабилност и просперитет на нашите држави и народи, во овој сложен, опасен и брзо менувачки свет, истакна Дендиас.За време на вежбата, како што информираа од Генералштабот на грчката одбрана, учесниците имаат можност да вежбаат во сложени оперативни сценарија, кои придонесуваат за зголемување на борбената способност, како и за подобрување на интероперабилноста на специјалните сили – силите за специјални операции.