Министерството за одбрана на Велика Британија во вторникот рече дека руските команданти најверојатно „се стремат да развијат нова оска за напредување во Доњецката област која е под контрола на Украина и да ги пренасочат украинските сили од силно оспоруваниот сектор Бахмут“.
На руската паравоена формација Вагнер тешко ѝ оди освојувањето на клучниот град Бахмут и по шест месеци, па тактиката е сменета со гранатирање на околни места во регионот Доњецк за да се дефокусираат украинските војници во градот. Вака ги оценува британското разузнаање новите гранатирања на истокот на Русија, кои пак за украинскиот претседател се обична руска одмазда за неуспесите.
– Не мислам дека Русија ќе може да му обезбеди на своето општество каков било убедлив резултат од офанзивата. Јас сум сигурен во нашата армија. Ќе ги запреме, малку по малку, и ќе ја подготвиме нашата голема контраофанзива – рече Зеленски, додавајќи дека Русите претрпеле огромни загуби во нападите во изминатите неколку недели. Новата објава на разузнавачите сугерира дека Вагнер не успеаја во последните недели да постигнат оперативно значајни придобивки во нивните офанзиви околу Бахмут, пишува Њузвик. Тие не можеле да напредуваат надвор од помалите тактички придобивки во Соледар и другите околни мали населби. Министерството за одбрана на Велика Британија во вторникот рече дека руските команданти најверојатно „се стремат да развијат нова оска за напредување во Доњецката област која е под контрола на Украина и да ги пренасочат украинските сили од силно оспоруваниот сектор Бахмут“.
Во последните три дена, Русија веројатно ги разви своите истражни напади околу градовите Павливка и Вуледар во „поконцентриран напад“, соопшти Министерството. „Населбите се наоѓаат на 50 километри југо-западно од градот Доњецк, а Русија претходно ја користеше 155-та поморска пешадиска бригада во неуспешен напад на истата област во ноември 2022 година“, се вели во ажурирањето.