18.8 C
Скопје
07/05/2024 13:20
МАКТЕЛ

  

     

 

СЛАВЕСКИ: Сјајот и бедата на „ослободителните“ движења – ДУИ vs. АНК

      

Владата во која доминира некогашната милитантна организација во борбата против апартхејдот, сега „позеленета“, ветува брзо, речиси „магично“, решение за енергетската криза и недостатокот на електрична енергија, а тоа е брза зелена енергетска транзиција. Со ова ново ветување за брзо решавање на проблемот сака да ја прикрие својата долгогодишна неспособност да го оддржи енергетскиот сектор на земјата, ветувајќи ефтина струја од сонце и ветер, а можеби наскоро и од магла.

   

Организирани криминални групи, блиски до највисоките државни функционери од владејачката партија, преку корупција изнесуваат во просек околу 50 милиони евра месечно од државната електро-енергетска компанија. Тоа го прават главно од ископ и препродажба на јаглен од приватни подизведувачи и намерни саботажи на системот за да добиваат тендери за ремонт на котлите. Преку саботажа на скапите трансформатори подоцна на тендер ги купуваат истите од приватни добавувачи, полнејќи ги џебовите на клановите на власт.

 

Владата во која доминира некогашната милитантна организација во борбата против апартхејдот, сега „позеленета“, ветува брзо, речиси „магично“, решение за енергетската криза и недостатокот на електрична енергија, а тоа е брза зелена енергетска транзиција. Со ова ново ветување за брзо решавање на проблемот сака да ја прикрие својата долгогодишна неспособност да го оддржи енергетскиот сектор на земјата, ветувајќи ефтина струја од сонце и ветер, а можеби наскоро и од магла.

   

     

Сите досегашни проекти од обновливи извори преку државната компанија се во застој, додека дел од приватните моќници приклучуваат соларни централи на мрежа која не може да ги издржи дневните пикови. Со оправдување за грижа кон природата и климата, владеjачката партија купува време и надеж до изборите 2024 година кај населението, додека создава нова корумпирана политичко-бизнис елита во делот на обновливите извори на енергија, кои се добри, но не соодветствуваат на актуелните потреби на земјата која има потреба од стабилен и силен извор на енергија.

Република Македонија во 2023 година? Не! Наведеното се однесува на Јужноафриканската Република (ЈАР). Сличноста не е случајна. Африканскиот Национален Конгрес (АНК), своевремено предводен од легендарниот водач Нелсон Мандела, кој почина пред точно десет години, управува со ЈАР од 1994 година, кога по долгогодишни расни и политички тензии и борба на црното население за основните човекови права на чело со нивниот лидер Нелсон Мандела, режимот на апартхејдот конечно беше поразен и по пат на политички договор е направена транзиција на власта.

Република Македонија својот зенит на економски, културен и општествен план го достигна во неколкуте години пред финансиската криза и Големата Рецесија, од 2006 до 2009 година. Беа потребни неколку години за да се залечат раните од воениот конфликт во 2001 година, а промената на власта по парламентарните избори од 2006 година внесе ентузијазам и надеж во иднината кај македонските граѓани. Економијата растеше со највисоки стапки на раст од над 5% годишно, домаќинствата и граѓаните инвестираа и земјата во краток временски период стана препознатлива како привлечна дестинација за странските инвеститори.

Оценките за напредокот во процесот на приближување кон ЕУ, изнесени во годишните извештаи на Европската Комисија, беа прилично ласкави. Но, на политички план ситуацијата се комплицираше. ДУИ, кои останаа во опозиција во двете години од 2006 до 2008 година, вршеа невиден притисок преку своите структури за влез во власта. За ова имаа поддршка и кај одредени кругови во меѓународната заедница. Владеjачката ВМРО-ДПМНЕ беше принудена да преговара со претставници на ДУИ во текот на зимата и пролетта 2008 година, што ги наруши односите со коалицискиот партнер во владата ДПА (Демократска партија на Албанците). По вонредните парламентарни избори во 2008 година, ДУИ влезе во владата за таму да остане во континуитет во наредните 15 години до сега.

Оваа 2023 година Република Македонија го доби најлошиот извештај од Европската Комисија за напредокот (читај: назадувањето) во реформите. Влијателни странски амбасадори отворено ни соопштуваат дека дното е постигнато во текот на изминатите три-четири години и дека е крајно време да престанеме и понатаму да ја копаме дупката во која се наоѓаме. Институциите се деградирани. Не е очајна состојбата само во судството, кое посебно се апострофира. Економијата стагнира, со стапки на раст блиску до нулата. Образованието и здравството се во очајна состојба. Корупцијата е на највисоко можно ниво по осамостојувањето и ги има разорено сите институции. Јавниот сектор е преплавен со некомпетентни кадри и товарот на нивното функционирање е оставен на мал број ентузијасти и патриоти. Социјалниот мир се одржува со популистички мерки и неразумно расфрлање пари позајмени од надвор.

Како дојдовме до ова дереџе?
По парламентарните избори одржани во 1998 година, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Љубчо Георгиевски формираше коалициска влада со Демократската Алтернатива на Тупурковски и Демократската партија на Албанците (ДПА) на покојниот Арбен Џафери. Како владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ примат ставија на подобрување на меѓуетничките односи во земјата и унапредување на правата на етничките Албанци.
Сакале ние да признаеме или не, етничките Албанци беа во голема мера дискриминирани, за што говорат ограничувањата во областа на образованието на мајчин јазик (посебно средното и високото), како и екстремно ниската застапеност во државната и јавната администрација, а особено во полицијата и раководниот кадар во армијата.

Во 2000 година, по долг низ години на одолговлекување, се донесе новиот Закон за високото образование, со кој се легализираше наставата на Албански јазик. Постоеше силна волја за исправање на неправдите од минатото, во насока на хармоничен развој на земјата на меѓуетнички план, за што сум сведок како член на тогашната влада во 1999-2000 година. За жал, во 2001 година дојде до прелевање на конфликтот од Косово во Македонија, кој се оконча со потпишување на Рамковниот договор во август 2001 година, под патронат на меѓународната заедница. Од него се изнедри партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ) која со кратка пауза од 2 години (2006-2008) е учесник во сите досегашни влади во изминатите 20 години. Иредентизмот и „визијата“ за „сите Албанци во една држава“ ДУИ ја замени со политичка борба за унапредување на правата на Албанците во Македонија и нивна целосна рамноправност со граѓаните припадници на мнозинскиот народ.

Во периодот до 2015 година, до настапувањето на политичката криза во земјата и почетокот на падот на премиерот Никола Груевски, поврзано со обелоденувањето на прислушкуваните разговори, ДУИ беше прилично инфериорен партнер во Владата, со два главни приоритети – амнестија на сопственото раководството од кривично гонење за злоделата направени за време на конфликтот од 2001 година и „правична застапеност“ на етничките Албанци во институците од јавниот сектор, според претпоставеното учество во вкупното резидентно население во земјата, во отсуство на валиден попис на населението. И двете цели беа постигнати. Парламентот изгласа амнестија за т.н. „Хашки случаи“, а постепено и со доста тензии се зголемуваше учеството на етничките Албанци во јавната администрација, многу често за сметка на мнозинската етничка заедница.Со еден недугав потег и своевиден автогол на премиерот Груевски, со кој требаше да се основа уште еден државен универзитет на Македонски јазик во Скопје („Дамјан Груев“), се дозволи формирање на втор државен универзитет на Албански јазик („Мајка Тереза“), на само 40 километри од веќе постоечкиот Тетовски универзитет и универзитетот „Југоисточна Европа“.

„Златното доба“ за ДУИ настапи откако по парламентарните избори одржани во 2016 година одлучија да влезат во новата влада со коалицијата предводена од СДСМ, иако таа освои помал број пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во наредните шест и пол години ДУИ „дебело“ си ја наплати оваа услуга кон губитничкиот СДСМ. Во врвот на владата се инсталира паралелен премиер (номинално самопрогласен прв вице-премиер), а ДУИ ги презеде „командните врвови во економијата“, системите за здравствена заштита и пензиско-инвалидско осигурување и во образованието. Сеуште е на сила некаков „балансер“ за правична застапеност во институциите, кој не важи за низа институции со кои подолг период раководат кадри од ДУИ, каде учеството на етнички Албанци во вкупниот број вработени, особено на раководните места, надминува 40-50%, а најмалку се применува на локално ниво во општини каде нашите сограѓани од албанската етничка заедница се мнозинство.

Со промената на власта во ЈАР во 1994 година се создаде огромен позитивен набој и надеж за брзи промени, изградба на поправедно општество на меѓусебна толеранција. Беа започнати многу проекти за зголемување на уделот на црното население во институциите на системот, а главни теми во медиумите беа процентите на застапеност и рушењето на монополите на белото население во институциите и економијата. Владејачкиот Африкански национален конгрес (АНК) особено се гордееше со вработувањето на своите припадници во безбедносните структури и распределба на земја од богатите бели земјопоседници на своите партиски поддржувачи.Медениот месец од околу 10 до 15 години завршуваат на почетокот од 21. век, кога започнуваат да се гледаат проблемите и неподготвеноста на АНК да ја предводи државата. Имено, за сите тие години на екстремна политичка транзиција кон т.н. поправедно општество, целокупната економска, енергетска и земјоделска база била оставена настрана.

АНК под превезот на еднаквост и рамноправност го фаворизиралe квантитетот пред квалитетот на државните кадри, брзајќи да прикажат промена во етничката и расна структура на институциите. Со текот на годините се губи фокусот за изградба на пристојно општество и целокупната борба за праведност е сведена на бројки кои никогаш не се доволно големи, а секое потфрлање и нестручност се транферира на сметка на Апартхејдот и последиците од него.
Неподготвени за водење на државата, заглавени во политички ветувања и празни зборови, три децении подоцна на АНК му појде од рака да ја сруши својата слободна држава општествено, преку системска корупција, никаков економски перформанс и без иднина за релативно младата популација загрозена или потоната во сé побруталниот уличен криминал.

Тука престануваат сличностите меѓу катастрофалните последици од практикување на власта од страна на „ослободителни“ движења од профилот на АНК и ДУИ, по тектонските промени на политички план во Јужноафриканската Република (1994 година) и во Република Македонија по парламентарните избори во 2002 година, кога милитантната ОНА се трансформираше во политичка партија. Африканскиот национален конгрес се криминализираше во средина во која управува со земјата во име на мнозинското население, додека ДУИ помина низ сличен процес, со катастрофални последици за македонската економија и општество, кога претендира на монопол во политичкото претставување на втората по големина етничка заедница во Република Македонија.

И двете политички групации, Демократската унија за интеграција и Африканскиот национален конгрес, гледаат на институциите како на тврдини кои што треба да се освојат, што во основа е рецидив од нивната претходна активност. На тоа се темелат и ветувањата на ДУИ за достапност до сите државни функции на нивни кадри, што не е воопшто спорно, со реторика за „рушење на сите етнички монополи“. Ова во самата суштина е само симболизам. Многу е поважен начинот и капацитетот за раководење со институциите откако тие ќе се „освојат“.
Останувањето и понатаму на власт на политички субјекти од ваков тип, кои своите криминални дејанија секогаш ќе ги покриваат со повикување на историската улога што ја одиграле за својата заедница во минатото, само му штети на економскиот напредок и демократизацијата на општеството. Нивното заминување во опозиција е неминовно. Ќе биде корисно за самите политички субјекти и за почеток кон рехабилитација на уништените институции во државата.

    

Најново

Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на денешната инаугурација на Путин

Sase Ivanovski

ВИДЕО: МВР со детали за сообраќајката во Влае: 32-годишна жена се бори за живот

Sase Ivanovski

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Sase Ivanovski

Израел го нападна Рафа по отфрлањето на договорот за примирје

Sase Ivanovski

Во 2023 година Грција ја посетиле над еден милион туристи од Македонија

Sase Ivanovski

Израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од Газа, јавија палестински и египетски претставници

Sase Ivanovski

Си Џипинг: Нова фаза на кинеско-француските односи во следните 60 години

Sase Ivanovski

Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори 

Sase Ivanovski

Спасовски: Владата на СДСМ вложи многу во Куманово, реконструирани училишта, изградени спротски сали, вложени над 121 милион евра само во инфраструктура

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ова е последната шанса да ја спасиме Македонија, која е одземена од СДС и ДУИ да им служи ним, а не на народот

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните, по НАТО ќе ја внесе земјата и во ЕУ

Sase Ivanovski

Костадиновска – Стојчевска ги повика граѓаните на обединување и да гласаат за слобода и демократија

Sase Ivanovski

Митева: Да не беа уставните измени СДСМ ќе немаа за што да зборат во кампањата

Sase Ivanovski

Николоски: Ветувавме дека нема да има уставни измени под бугарски диктат и немаше, сега ќе нема влада со ДУИ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да ја создадеме надежта таа е најважна, да ја отфрлиме апатијата и цинизмот, да ја прифатиме моќта на нашиот колективен глас и да донесемe значајни промени

Sase Ivanovski

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Sase Ivanovski

Ковачевски: Членството во Европската Унија е единствениот начин за суштински промени дома

Sase Ivanovski

Таравари на средба со здружението „Обединети Торбеши“ од Струга: Торбешите треба да бидат дел од Преамбулата на Уставот

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска од Битола: На сите Македонци припаѓаат и песните, и ората, и јазикот, и државата, немаат право да ја присвојуваат за лични интереси

Sase Ivanovski

Костадиновска – Стојчевска за Тера: Зборуваат за АСНОМ, а не стануваат од скутот на Ванчо Михајлов

Sase Ivanovski

Мицкоски: Нема социјалдемократски планини, и вмровски реки, градови и села на ДУИ, или на Алијанса и Беса, или Алтернатива, нема езера на Левица или на ЗНАМ, тоа е една единствена Македонија, затоа да се однесуваат сите одговорно

Sase Ivanovski

Мицкоски со порака до народот: Ветуваме работа, макотрпна и посветена, ќе се бориме за вас и се обврзуваме и даваме збор дека нема да ве изневериме

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ: „Со верба ветувам дека јас и сите челници на ВЛЕН кога ќе ја формираме Владата ќе трчаме уште посилно отколку во кампањата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА ДА СЕ ВОВЕДЕ И КАЈ НАС: ВО АФРИКА НЕВЕСТАТА ПРЕД ДА БИДЕ ПРИМЕНА ВО КУЌАТА НА СОПРУГОТ МОРА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА ЗНАЕ ДА ГОТВИ?!

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Со СДСМ културата е слободна, во идниот мандат нов закон за култура и нови капитални инвестиции

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова нема одговор зошто Мицкоски е фотографиран со цело криминално подземје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ ДО СИЉАНОВСКА НА ТВ ДУЕЛОТ: Госпоѓо, лажете!

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Силјановска-Давкова со национализам и албанофобија планира да добие мандат за претседател 

Sase Ivanovski

Ковачевски: Гласањето на 8-ми мај почнува од нула, гласајте одговорно и совесно

Sase Ivanovski

ТИМОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Популизам и лични навреди кога Силјановска-Давкова нема став по клучни прашања 

Sase Ivanovski

НАЈСИЛЕН БАЛКАНСКИ ПАСОШ Е ГРЧКИОТ, НАЈСЛАБ КОСОВСКИОТ, НИЕ СМЕ НЕКОЈА СРЕДИНА

Sase Ivanovski

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ ја палеше Преговарачката рамка во Собрание, за сега да каже дека им е прифатлива

Sase Ivanovski

Пендаровски кон Силјановска: Невозможно е да кажете дека Преспанскиот договор ќе го почитувате, а Северна нема да употребувате

Sase Ivanovski

Пендаровски очекува гласови од сите етнички заедници, Силјановска од неопределените, жените и гласачите на ЗНАМ

Sase Ivanovski

САД МУ СЕ ЗАКАНИЈА НА ШЕФОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СУД ДЕКА ЌЕ ЗАВРШИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЦРНА ЛИСТА АКО ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА БЕНЏАМИН НЕТАНЈАХУ

Sase Ivanovski

Анпопулар Опинион: Македонија е поразвиена од БРИКС

Sase Ivanovski

Ванхојте се врати во Македонија за да ги „турка“ уставните измени

Sase Ivanovski

Пендаровски: Тргнувајќи од првичните барања на Бугарија изминавме огромен пат на подобро за нас

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова: Бугарија одеше со стратегија „Тројански коњ“

Sase Ivanovski

Курти се сврте против Таравари: Секој глас за Силјановска-Давкова е глас против Албанците

Sase Ivanovski

Ковачевски: ЗНАМ се настанати во Белата палата

Sase Ivanovski

ОВА Е КОГА НА ЛУДАЦИ ЌЕ ДАДЕШ НУКЛЕАРКИ Русија ќе одржи воена вежба која ќе вклучува управување со нуклеарни оружја

Sase Ivanovski

Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи

Sase Ivanovski

Хамас објави дека го прифатил предлогот за прекин на огнот, за Израел прифаќањето „помека“ верзија на договорот е неприфатливо

Sase Ivanovski

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

Sase Ivanovski

Филипче: Пратениците на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните во парламентот

Sase Ivanovski

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две постари лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ВРАТИ ЗОРАН ЗАЕВ! Екс лидерот на СДСМ вечерва се качи на бина

Sase Ivanovski

(ФОКУС АНАЛИЗА) ВМРО-ДПМНЕ е на чекор до влада со ЗНАМ и ВЛЕН, а СДСМ и ДУИ на пат кон опозиција!

Sase Ivanovski

Кавадарци ја пушти во функција фонтаната во чест на Сашко Гешовски: 33 години непребол!

Sase Ivanovski

НОВО ЛУДИЛО НА ФЕМИНИСТИТЕ: АКО МАЈКА СИ ГИ УБИЕ ДЕЦАТА, МАЖОТ Е КРИВ?!?! Пронајдено телото на втората ќерка на Алма –  Албанскиот министер за внатрешни работи низ солзи го осуди родово базираното насилство

Sase Ivanovski

Арбер Адеми за средбата Мицкоски-Таравари: Секој глас за „Вреди“ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Османи: Граѓаните сами одлучуваат кого ќе поддржат во вториот круг

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Дел од празникот на Дунав во Русе, 5-ти по големина град во Бугарија. 4 часа разумно возење од Софија

Sase Ivanovski

Ванковска објави дека нема да гласа за Силјановска – обвини дека е под постојан притисок од ВМРО – ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Димитриевски би бил дел од влада, но без ДУИ

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ ГИ ПОВИКА БРАНИТЕЛИТЕ: За ДУИ во опозиција! За одликувања и права на храбрите МК бранители од 2001! Излезете масовно и заокружете број 2!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: На 8 мај сите ние сме исправени пред важна одлука, дали сакаме да ја видиме Македонија како развиена и европска држава која чекори храбро напред, или сакаме држава без иднина, без развој, вратена во мрачното минато од режимот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ИМЕТО ЌЕ ГО ВРАТИМЕ ПРЕКУ ДВИЖЕЊЕТО НА НЕВРЗАНИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: АКО ОСТАНЕМЕ НА ДВА ПРАТЕНИЦИ, ЌЕ СЕ ОТКАЖАМ ОД ПОЛИТИКА, НА НАРОДОТ ЌЕ МУ КАЖАМ ЕБЕТЕ СИ МАЈКАТА!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Кампањата на СДС е дифузна и погрешна

Sase Ivanovski

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА АЛБАНЦИТЕ: ПАЗЕТЕ АКО СЕ ФАТИТЕ ПАК ЗА ПУШКА, МОЖЕ СЕГА НЕМА ДА ВЕ ИЗВАДАТ ОД АРАЧИНОВО СО АВТОБУСИ И БЕЛИ ЗНАМИЊА?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: НАМЕСТО ДА СЕ ЖАЛИ ОД ДУИ ДЕКА СЕ ЗАКАНУВАЛЕ И ПОЛНЕЛЕ КУТИИ, МИЦКОВСКИ ДА МУ КАЖЕ НА ТОШКОВСКИ ДА ГИ ПОАПСИ

Sase Ivanovski

Спасовски: Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра, на младите им нудиме европска иднина!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Командантите на Али кои во 2001та немаа 5 пари во џеб, сега се милионери, така да не верувам дека ќе им се ризикува дека ќе прават дестабилизација кога ќе одат во опозициja

Sase Ivanovski

Спасовски: За 35% ги зголемивме платите во МВР, го воспоставивме МВР за граѓаните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АКО ВЛАДИКА НЕ РАЗБИРА ДЕКА ЦРКВАТА Е АНАЦИОНАЛНА И НА СИТЕ ЕТНОСИ КОИ ВЕРУВААТ ВО БОГА: СЕКОЈА БУДАЛА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЛАДИКА ВО ОВАА ДРЖАВА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: МИЦКОВСКИ ЌЕ БИДЕ 10 ПАТИ ПОЛОШ ОД ГРУЕВСКИ ВО СЕКОЈ АСПЕКТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нема Џурџевдан без градите на Синоличка. Среќен Празник на тие што го слават. Инаку песнава ја напишале у време фашистичко у воз на смртта Сарајево Јасеновац

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: СЕКОЈ ЧЛЕН НА СДСМ КОЈ НЕ СИ ГО ВРАБОТИЛ ДЕТЕТО ОДИ КАЈ МАКСО И ПЉУКА ПО СДСМ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ОД КАДЕ МУ НА МАКСО НАД 1 МИЛИОН ЕВРА ЗА КАМПАЊАВА?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 65 ГОДИШНАТА МАДОНА МАСТУРБИРАШЕ ПРЕД 1,6 МИЛИОНИ ЛУЃЕ НА КОНЦЕРТОТ ВО РИО ДЕ ЖЕНЕИРО

Sase Ivanovski

ТОТАЛЕН РАЗВРАТ!

Sase Ivanovski

ЗА ШТО ВЕЖБААТ АМЕРИКАНЦИТЕ: АМЕРИКАНСКИ ХЕЛИКОПТЕР БЛЕК ХОК ПОЛЕТАЛ ОД АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА И СЛЕТАЛ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИЉАНОВСКА ПАДНА МНОГУ НИСКО: ГО ОБВИНИ ПЕНДАРОВСКИ ЗА СМРТТА НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ЗА ПРВ ПАТ СТАНУВАМ ПЕСИМИСТ ДЕКА МОЖЕ ДА ЈА СПАСИМЕ ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

ЕВЕ КАКО СЕ ОБРАБОТУВА КОЖАТА ЗА ПРИМЕНА ВО МОДНАТА ИНДУСТРИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ЗЛАТЕВ И БОЦЕВСКИ: МИ ЈА ЧЕПНАА ФАМИЛИЈАТА, ЗА ТОА НЕМА ДА ИМ ПРОСТАМ!

Sase Ivanovski

Утре гласаат болните, затворениците и дијаспората

Sase Ivanovski
Вчитувам....