Според порталот вчера Алексов уште при приемот на Шаќири негодувал со образложение дека тој не е разрешен од функцијата и нема зошто да си оди.
Градоначалничката Данела Арсовска Алексов го назначи за за в. д. директор на 18 јануари 2023, за потоа да му го продолжи мандатот во мај и уште еднаш во ноември. Решението пак за Шаќири е потпишано на 10 јануари без притоа да биде известена институцијата и останатите кандидати што се пријавија за директорското место во МКЦ.
Освен Шаќири, пријавени беа и и филмскиот работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.