Кампањата „Јас сум повеќе од она што се случи“, е во организација на УНИЦЕФ, а во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда и Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, а со крајна цел подигање на свеста за влијанието на психолошките трауми врз децата што доаѓаат во контакт со правосудниот систем.
Полициските службеници се првиот и многу значаен контакт што детето го остварува со системот за посебна заштита и правда, и токму првичното позитивно искуство и пристап на полицијата ќе биде важен фактор во креирањето на чувство на сигурност и почит кај децата кон институцијата и кон законот, воопшто.