Вечерва, на мое големо задоволство, присуствував на Свечена академија по повод 60 години од основањето на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски” – Скопје
Шест децении успешна работа во дијагностицирање и третман на хируршките болни лица ја постави Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски” како неизоставен дел во системот на јавните здравствени институции.
Денеска, Клиниката претставува современа хируршка установа со кадровска структура од 322 вработени, целосно посветени на своите работни задачи, со извонредна професионална одговорност. Истовремено, Клиниката претставува и наставна база на Медицинскиот факултет при УКИМ, со што со ваквата стратешка поставеност во Скопје, може слободно да се каже дека е и центар на обединување на знаењето, активен во процесот на едукација на кадри во оформување на сите степени на образование.
Нека е за многу години успешна работа!