25.8 C
Скопје
07/05/2024 17:55
МАКТЕЛ

  

     

 

Ковачевски: Кризата е можност за енергетска трансформација, Северна Македонија може да е хаб на зелена енергија

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денска одговарајќи на пратеничко прашање посочи дека државата има план и стратегија за обезбедување енергетска стабилност, но и зелена трансформација на земјата. Премиерот рече дека оваа Влада е насочена кон темелни промени во сите сегменти меѓу кои и енергетиката.„Со поставувањето на ова прашање кое доаѓа од пратеник од редовите на владејачката партија, партијата чиј лидер сум јас, уште еднаш како Влада ја потврдуваме нашата висока свест за потребата да се направат темелни промени со кои ќе го обезбедиме она што е најдобро за граѓаните и за државата е врвен приоритет. Јас веќе неколку пати јавно кажувам, еве и уште еднаш овде од собраниската говорница ќе повторам – со војната во Украина, се променија приоритетите на државите, не само на нашата, туку на сите. А темата енергетика стана една од клучните теми на кои е фокусиран целиот свет, без која не поминува ниту еден состанок, ниту една средба на лидерите од регионот и ЕУ.Оваа војна нé натера да размислуваме за долгорочни решенија за справување со енергетската криза која последната година ја погоди цела Европа па и светот, но и да разговараме за краткорочни со кои успешно ја менаџираме енергетската и криза и неизвесност.Ова е одлична можност да се искористат ресурсите од зелена енергија со кои располагаме ние земјите од Балканот, особено и нашата држава, но истовремено и одлична можност целиот регион да се развива како нова енергетска сила. Ова е можност заеднички да ја искористиме глобалната енергетска криза за да ги претвориме нашите држави во центар на зелена енергија што ќе го снабдуваат со струја, не само својот сопствен пазар, туку и регионот и земјите пошироко.Но, би сакал најпластично да објаснам како изгледа таа социјално еколошка транзиција во услови на растечка инфлација, во услови на недостаток на енергенси и во услови на работа со капацитети кои се изградени пред повеќе од 40 години, во времето на Југославија.Најголемиот удар врз дисбалансот на пазарот на електрична енергија, дојде после војната којашто Русија ја објави во Украина. При што дојде до недостаток на енергенси во Европа и тоа пред сè гасот од кој зависи и производството на електрична енергија и снабдувањето со електрична енергија. Од еден пазар на електрична енергија којшто беше стабилен, сега имаме нестабилен пазар на електрична енергија којшто нема доволно количини на електрична енергија за земјите од Европа и затоа и цената на енергенсите е толку висока.Во такви услови, во време кога се случуваат меѓусебно поврзани кризи, она што треба да се направи според мене, треба да се базира на три принципи, а тоа е соработка, инвестиции и солидарност.Енергетската криза која е најголема и главно како резултат на воената агресија на Русија врз Украина, ја погодува економијата, бизнис секторот, граѓаните и тоа е така насекаде во светот, не само кај нас. Енергетската криза, не само што ги погоди земјите со снабдување на струја и гас, дополнително направи некои земји да се соочат и со недостаток на храна.  Регионот може да ја надмине енергетската криза само со тесно координиран пристап за енергетска диверзификација, како и забрзување на воведување на капацитети за производство на енергија од обновливи извори на енергија, но и извори на базична енергија, односно нови енергетски капацитети. Ние не смееме да заборавиме, никој од нас дека 30 години, 31 година без разлика која политичка опција ја водела државата, не е инвестирано во ниту еден голем енергетски капацитет во државата, а исто така не е инвестирано ниту во електро преносната мрежа во државата. Тоа се двете области во кои мора да се прават сериозни инвестиции.Увозната зависност од енергија и енергенси се движи помеѓу 17% и 73%, во некои држави.Кога зборуваме за енергетската диверзификација, а во контекст на војната во Украина, тука всушност разговараме за проекти за диверзификација на изворите на снабдувањето со енергија.Веќе се работи, на поврзување на регионот со изворите на природен гас во Азербејџан, преку Трансјадранскиот гасовод ТАП, Транс анадолскиот гасовод ТАНАП, со кој регионот на Југоисточна Европа во кој спаѓа и Западен Балкан и нашата држава, ќе добијат дополнителни количини на природен гас и нема да зависат само од еден извор, односно од рускиот гас.Северна Македонија заеднички со нашите соседи Грција и Бугарија работиме на изградба на терминал за течен природен гас во Александрополи, со кој ќе се обезбеди дополнителна диверзификација со количини на гас кои можат да пристигнат од било која држава која извезува ваков гас, како што се САД, Катар, Алжир итн.Но, мислам дека повеќе од сигурно и извесно е дека иднината и за енергетската трансформација, но и енергетската независност е во обновливите извори на енергија.Јас често потенцирам дека ние како земја посветени сме на енергетската транзиција, затоа што знаеме дека тоа е иднината и за енергетска независност, но и за заштита на животната околина. И затоа само во мандатот на мојата Влада, пуштено во употреба имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи во државата што е повеќе за 11 мегавати од она што беше направено вкупно за 11 години претходно. Тоа имаше 16 мегавати инсталирано, сега има за 10 месеци има 27 мегавати, пуштени на мрежа.Северна Македонија има 280 сончеви денови и најдобра сончева инсулација мерена според ефикасноста на производство на електрична енергија не во регионот, не во Европа, во светот.Јасно е дека живееме во криза, тоа е и време на можности.Тука, во моментов ја гледам можноста да ги претвориме нашите држави во центар на зелена енергија што ќе го снабдуваат со струја не само нашиот пазар, но и пошироко.Во моментот ние како земја сме во фаза на финализирање на преговори со неколку стратешки инвеститори за инсталиран капацитет од еден гигават, во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи, како и комбинирана гасна електрана и тоа со реномирани големи европски компании, од Франција, Германија и Грција затоа што нашата иднина во производството на електрична енергија ја гледаме токму во обновливите извори на енергија. Тие преговори не се лесни, бидејќи цената на енергенсите на електрична енергија не е конзистентна, а тие договори треба да бидат 15 – 20 годишни и тимот на Владата работи на преговори со овие инвеститори кои треба да инвестираат сериозни финансиски средства во изградба на овие капацитети. Штом ќе бидат завршени сите преговори, тие стратешки инвестиции ќе бидат доставени до вас, до пратениците на финално одобрување.  Во однос на енергетската транзиција мора да ја споменеме енергетска транзиција на нашите енергетски системи, меѓутоа мора да внимаваме и да ја направиме таа транзиција да биде колку што може поправедна. Сите се сеќаваме на приватизациите и преминот од стариот социјалистички систем во пазарни економии. Не треба да ни се случи истото и луѓето да останат на улица, без работа. Јас тоа нема да го дозволам, ниту пак Владата ќе дозволи.Јас сум одговорен човек и Владата што ја предводам носи решителни одлуки, но ничија егзистенција и работно место нема да биде загрозено. Зборувам за работниците кои сега работат во електро енергетскиот систем.Во Северна Македонија, ја правиме првата енергетска транзиција на термоелектраната „Осломеј“, каде веќе изградивме една фотонапонска електрана од 10 мегавати, пуштена во употреба, а веќе се во изградба 2 од 50 мегавати преку ЈП партнерство и уште една ќе започне со проектирање од 10 мегавати. Со тоа 120 мегавати енергија од јаглен ќе биде заменета со енергија 120 мегавати од сонце.Во моментот се изработува Акциски план за праведна транзиција на Северна Македонија во која точно се таргетирани нашите два региони со јаглен и кои мерки треба да се спроведат од социјален и економски аспект.Но напоменувам дека оваа трансформација која се одвива на повеќе нивоа секако нема да е на штета на работниците. Преку различни модалитети ќе се обезбеди и енергетската трансформација и ќе се заштитат и трансформираат работните места на работниците кои работат. При што оние кои работат ќе ги дочекаат своите пензионерски денови, но и ќе се отворат нови работни места за нови технологии кои ќе работат во новите централи каде што младите ќе можат да ја најдат својата професионална иднина.Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа во Северна Македонија со капацитет 17 МW во Свети Николоско, изградена од страна на компанијата од Словенија „Ген-И“, а во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кој се потпишани договори во изминатите две години.Јас ќе одам на увид заедно со германскиот Претседател за 2 дена на проширувањето на капацитетот на ветерниот парк во Германија, а исто така во Свети Николе веќе се носат турбините за 25 мегаватен ветерен парк.Сето ова е дел од транзицијата која што е почната, ќе продолжи и ќе нé направи зелен енергетски центар на Европа“, рече премиерот Ковачевски.

   

    

Најново

Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на денешната инаугурација на Путин

Sase Ivanovski

ВИДЕО: МВР со детали за сообраќајката во Влае: 32-годишна жена се бори за живот

Sase Ivanovski

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Sase Ivanovski

Израел го нападна Рафа по отфрлањето на договорот за примирје

Sase Ivanovski

Во 2023 година Грција ја посетиле над еден милион туристи од Македонија

Sase Ivanovski

Израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од Газа, јавија палестински и египетски претставници

Sase Ivanovski

Си Џипинг: Нова фаза на кинеско-француските односи во следните 60 години

Sase Ivanovski

Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори 

Sase Ivanovski

Спасовски: Владата на СДСМ вложи многу во Куманово, реконструирани училишта, изградени спротски сали, вложени над 121 милион евра само во инфраструктура

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ова е последната шанса да ја спасиме Македонија, која е одземена од СДС и ДУИ да им служи ним, а не на народот

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните, по НАТО ќе ја внесе земјата и во ЕУ

Sase Ivanovski

Костадиновска – Стојчевска ги повика граѓаните на обединување и да гласаат за слобода и демократија

Sase Ivanovski

Митева: Да не беа уставните измени СДСМ ќе немаа за што да зборат во кампањата

Sase Ivanovski

Николоски: Ветувавме дека нема да има уставни измени под бугарски диктат и немаше, сега ќе нема влада со ДУИ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да ја создадеме надежта таа е најважна, да ја отфрлиме апатијата и цинизмот, да ја прифатиме моќта на нашиот колективен глас и да донесемe значајни промени

Sase Ivanovski

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Sase Ivanovski

Ковачевски: Членството во Европската Унија е единствениот начин за суштински промени дома

Sase Ivanovski

Таравари на средба со здружението „Обединети Торбеши“ од Струга: Торбешите треба да бидат дел од Преамбулата на Уставот

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска од Битола: На сите Македонци припаѓаат и песните, и ората, и јазикот, и државата, немаат право да ја присвојуваат за лични интереси

Sase Ivanovski

Костадиновска – Стојчевска за Тера: Зборуваат за АСНОМ, а не стануваат од скутот на Ванчо Михајлов

Sase Ivanovski

Мицкоски: Нема социјалдемократски планини, и вмровски реки, градови и села на ДУИ, или на Алијанса и Беса, или Алтернатива, нема езера на Левица или на ЗНАМ, тоа е една единствена Македонија, затоа да се однесуваат сите одговорно

Sase Ivanovski

Мицкоски со порака до народот: Ветуваме работа, макотрпна и посветена, ќе се бориме за вас и се обврзуваме и даваме збор дека нема да ве изневериме

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ: „Со верба ветувам дека јас и сите челници на ВЛЕН кога ќе ја формираме Владата ќе трчаме уште посилно отколку во кампањата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА ДА СЕ ВОВЕДЕ И КАЈ НАС: ВО АФРИКА НЕВЕСТАТА ПРЕД ДА БИДЕ ПРИМЕНА ВО КУЌАТА НА СОПРУГОТ МОРА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА ЗНАЕ ДА ГОТВИ?!

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Со СДСМ културата е слободна, во идниот мандат нов закон за култура и нови капитални инвестиции

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова нема одговор зошто Мицкоски е фотографиран со цело криминално подземје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ ДО СИЉАНОВСКА НА ТВ ДУЕЛОТ: Госпоѓо, лажете!

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Силјановска-Давкова со национализам и албанофобија планира да добие мандат за претседател 

Sase Ivanovski

Ковачевски: Гласањето на 8-ми мај почнува од нула, гласајте одговорно и совесно

Sase Ivanovski

ТИМОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Популизам и лични навреди кога Силјановска-Давкова нема став по клучни прашања 

Sase Ivanovski

НАЈСИЛЕН БАЛКАНСКИ ПАСОШ Е ГРЧКИОТ, НАЈСЛАБ КОСОВСКИОТ, НИЕ СМЕ НЕКОЈА СРЕДИНА

Sase Ivanovski

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ ја палеше Преговарачката рамка во Собрание, за сега да каже дека им е прифатлива

Sase Ivanovski

Пендаровски кон Силјановска: Невозможно е да кажете дека Преспанскиот договор ќе го почитувате, а Северна нема да употребувате

Sase Ivanovski

Пендаровски очекува гласови од сите етнички заедници, Силјановска од неопределените, жените и гласачите на ЗНАМ

Sase Ivanovski

САД МУ СЕ ЗАКАНИЈА НА ШЕФОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СУД ДЕКА ЌЕ ЗАВРШИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЦРНА ЛИСТА АКО ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА БЕНЏАМИН НЕТАНЈАХУ

Sase Ivanovski

Анпопулар Опинион: Македонија е поразвиена од БРИКС

Sase Ivanovski

Ванхојте се врати во Македонија за да ги „турка“ уставните измени

Sase Ivanovski

Пендаровски: Тргнувајќи од првичните барања на Бугарија изминавме огромен пат на подобро за нас

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова: Бугарија одеше со стратегија „Тројански коњ“

Sase Ivanovski

Курти се сврте против Таравари: Секој глас за Силјановска-Давкова е глас против Албанците

Sase Ivanovski

Ковачевски: ЗНАМ се настанати во Белата палата

Sase Ivanovski

ОВА Е КОГА НА ЛУДАЦИ ЌЕ ДАДЕШ НУКЛЕАРКИ Русија ќе одржи воена вежба која ќе вклучува управување со нуклеарни оружја

Sase Ivanovski

Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи

Sase Ivanovski

Хамас објави дека го прифатил предлогот за прекин на огнот, за Израел прифаќањето „помека“ верзија на договорот е неприфатливо

Sase Ivanovski

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

Sase Ivanovski

Филипче: Пратениците на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните во парламентот

Sase Ivanovski

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две постари лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ВРАТИ ЗОРАН ЗАЕВ! Екс лидерот на СДСМ вечерва се качи на бина

Sase Ivanovski

(ФОКУС АНАЛИЗА) ВМРО-ДПМНЕ е на чекор до влада со ЗНАМ и ВЛЕН, а СДСМ и ДУИ на пат кон опозиција!

Sase Ivanovski

Кавадарци ја пушти во функција фонтаната во чест на Сашко Гешовски: 33 години непребол!

Sase Ivanovski

НОВО ЛУДИЛО НА ФЕМИНИСТИТЕ: АКО МАЈКА СИ ГИ УБИЕ ДЕЦАТА, МАЖОТ Е КРИВ?!?! Пронајдено телото на втората ќерка на Алма –  Албанскиот министер за внатрешни работи низ солзи го осуди родово базираното насилство

Sase Ivanovski

Арбер Адеми за средбата Мицкоски-Таравари: Секој глас за „Вреди“ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Османи: Граѓаните сами одлучуваат кого ќе поддржат во вториот круг

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Дел од празникот на Дунав во Русе, 5-ти по големина град во Бугарија. 4 часа разумно возење од Софија

Sase Ivanovski

Ванковска објави дека нема да гласа за Силјановска – обвини дека е под постојан притисок од ВМРО – ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Димитриевски би бил дел од влада, но без ДУИ

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ ГИ ПОВИКА БРАНИТЕЛИТЕ: За ДУИ во опозиција! За одликувања и права на храбрите МК бранители од 2001! Излезете масовно и заокружете број 2!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЛОВСКИ: На 8 мај сите ние сме исправени пред важна одлука, дали сакаме да ја видиме Македонија како развиена и европска држава која чекори храбро напред, или сакаме држава без иднина, без развој, вратена во мрачното минато од режимот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ИМЕТО ЌЕ ГО ВРАТИМЕ ПРЕКУ ДВИЖЕЊЕТО НА НЕВРЗАНИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: АКО ОСТАНЕМЕ НА ДВА ПРАТЕНИЦИ, ЌЕ СЕ ОТКАЖАМ ОД ПОЛИТИКА, НА НАРОДОТ ЌЕ МУ КАЖАМ ЕБЕТЕ СИ МАЈКАТА!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Кампањата на СДС е дифузна и погрешна

Sase Ivanovski

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА АЛБАНЦИТЕ: ПАЗЕТЕ АКО СЕ ФАТИТЕ ПАК ЗА ПУШКА, МОЖЕ СЕГА НЕМА ДА ВЕ ИЗВАДАТ ОД АРАЧИНОВО СО АВТОБУСИ И БЕЛИ ЗНАМИЊА?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: НАМЕСТО ДА СЕ ЖАЛИ ОД ДУИ ДЕКА СЕ ЗАКАНУВАЛЕ И ПОЛНЕЛЕ КУТИИ, МИЦКОВСКИ ДА МУ КАЖЕ НА ТОШКОВСКИ ДА ГИ ПОАПСИ

Sase Ivanovski

Спасовски: Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра, на младите им нудиме европска иднина!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Командантите на Али кои во 2001та немаа 5 пари во џеб, сега се милионери, така да не верувам дека ќе им се ризикува дека ќе прават дестабилизација кога ќе одат во опозициja

Sase Ivanovski

Спасовски: За 35% ги зголемивме платите во МВР, го воспоставивме МВР за граѓаните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АКО ВЛАДИКА НЕ РАЗБИРА ДЕКА ЦРКВАТА Е АНАЦИОНАЛНА И НА СИТЕ ЕТНОСИ КОИ ВЕРУВААТ ВО БОГА: СЕКОЈА БУДАЛА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЛАДИКА ВО ОВАА ДРЖАВА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: МИЦКОВСКИ ЌЕ БИДЕ 10 ПАТИ ПОЛОШ ОД ГРУЕВСКИ ВО СЕКОЈ АСПЕКТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нема Џурџевдан без градите на Синоличка. Среќен Празник на тие што го слават. Инаку песнава ја напишале у време фашистичко у воз на смртта Сарајево Јасеновац

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: СЕКОЈ ЧЛЕН НА СДСМ КОЈ НЕ СИ ГО ВРАБОТИЛ ДЕТЕТО ОДИ КАЈ МАКСО И ПЉУКА ПО СДСМ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ОД КАДЕ МУ НА МАКСО НАД 1 МИЛИОН ЕВРА ЗА КАМПАЊАВА?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 65 ГОДИШНАТА МАДОНА МАСТУРБИРАШЕ ПРЕД 1,6 МИЛИОНИ ЛУЃЕ НА КОНЦЕРТОТ ВО РИО ДЕ ЖЕНЕИРО

Sase Ivanovski

ТОТАЛЕН РАЗВРАТ!

Sase Ivanovski

ЗА ШТО ВЕЖБААТ АМЕРИКАНЦИТЕ: АМЕРИКАНСКИ ХЕЛИКОПТЕР БЛЕК ХОК ПОЛЕТАЛ ОД АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА И СЛЕТАЛ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИЉАНОВСКА ПАДНА МНОГУ НИСКО: ГО ОБВИНИ ПЕНДАРОВСКИ ЗА СМРТТА НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ЗА ПРВ ПАТ СТАНУВАМ ПЕСИМИСТ ДЕКА МОЖЕ ДА ЈА СПАСИМЕ ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

ЕВЕ КАКО СЕ ОБРАБОТУВА КОЖАТА ЗА ПРИМЕНА ВО МОДНАТА ИНДУСТРИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ЗЛАТЕВ И БОЦЕВСКИ: МИ ЈА ЧЕПНАА ФАМИЛИЈАТА, ЗА ТОА НЕМА ДА ИМ ПРОСТАМ!

Sase Ivanovski

Утре гласаат болните, затворениците и дијаспората

Sase Ivanovski
Вчитувам....